Патот од утробата до светот: Како начинот на породување влијае на имунитетот на бебето

Начинот на кој се раѓаат бебињата може да влијае на нивниот имунитет подоцна во животот, како и на реакциите на лекови, вклучувајќи ги и оние кои спасуваат живот.

539

Една нова студија од Кина сугерира дека патот од утробата до светот, без разлика дали е вагинален

или хируршки, може да влијае на тоа колку добро функционира вакцината против сипаници. Таа

вакцина особено им е потребна на децата родени со царски рез, а деталите се објаснети во

анализата спроведена од научници од Универзитетот Кембриџ и Универзитетот Фудан во Кина.

Вклучува податоци за испитување на имунитетот собрани од 1.505 мајки и нивните бебиња во Кина,

пишува Science alert.

Околу пет проценти од децата на кои им е дадена првата доза вакцина против мали сипаници на

возраст под една година не покажуваат одговор на антитела. Помеѓу 2013 и 2018 година, бебињата родени со царски рез во Кина имале 2,56 пати поголема веројатност нивниот имунолошки систем

да не реагира на вакцините против сипаници отколку бебињата родени вагинално.

За среќа, втората доза предизвикала задоцнет, но „силен имунолошки одговор“. Но, важно е да се

знае за ова задоцнување, бидејќи може да помогне да се информира и подобри политиката за

вакцинација.

Во 2021 година, милиони деца ширум светот не примија вакцина против сипаници, рекордна

бројка што бил „опасна пресвртница“ во многу земји.

„Знаеме дека многу деца на крајот не добиваат втора доза од вакцината против сипаници, што е

опасно за нив како поединци, но и за пошироката популација“, објаснува генетичарот Хенрик Саље

од Универзитетот во Кембриџ.

„Бебињата со царски рез се оние кои навистина сакаме да ги следиме, за да бидеме сигурни дека ќе

ја добијат втората доза, бидејќи нивната прва вакцинација е поверојатно да не успее“, додава тој.

Малите сипаници се респираторен вирус и една од најзаразните болести што ги знаеме. Вакцината

е ефикасно оружје, но неопходно е да бидат опфатени најмалку 95 проценти од населението за да

се постигне „имунитет на стадо“.

Кина е блиску до елиминирање на сипаниците, но во неодамнешните епидемии, околу една

третина од заразените со вирусот веќе биле вакцинирани. Овие „пробивни“ инфекции се случуваат

кога имунолошкиот систем на поединецот или не реагира на вакцината или реагира премногу

слабо.

Децата родени со царски рез, за ​​разлика од оние родени вагинално, имаат малку поголема

веројатност да добијат имунолошки нарушувања. Научниците сè уште не можат да откријат зошто е

тоа така, а потрагата по одговорот сè уште трае.

Двојно посилна заштита

Во 2022 година, една студија ги поврзала царските резови со пониски реакции на антитела по

вакцините против менингококни и пневмококни инфекции. Истражувањето покажало дека

бебињата родени вагинално имале двојно поголемо ниво на заштитни антитела по вакцинацијата.

Научниците го земале предвид и фактот дека бебињата родени со царски рез не се заразени со

вируси или бактерии од вагината на мајката и дека тие (бидејќи се пренесуваат на новороденчето

за време на минување низ породилниот канал) можат да имаат стимулирачки ефект врз

новоформираниот имунолошки систем.

Студијата во Кина не истражува зошто царските резови влијаеле на одговорите на вакцините, но

авторите веруваат дека причината е слична.

„При породување со царски рез децата не се изложени на мајчиниот микробиом на ист начин како

при вагинално породување. Сметаме дека тоа значи дека им треба повеќе време за да го достигнат

развојот на цревниот микробиом, а со тоа и способноста на имунолошкиот систем да се стимулира

со вакцини против болести, вклучително и сипаници“, објаснува Саље.

Имунолошкиот систем на новороденчето е во голема мера мистерија

Засега, сепак, тоа е само теорија. Додека бебињата родени со царски рез покажуваат различен

опсег на цревни бактерии во споредба со оние родени вагинално, други студии сугерираат дека

разликите исчезнуваат за околу девет месеци.

Имунолошкиот систем на новороденчето е во голема мера мистерија. Истражувачите не можат ни

да се договорат дали бебето е родено стерилно, или веќе е „опремено“ со микробиом од утробата,

пишува порталот Science Alert.

Исто така, не е јасно дали и колку е застапен кај бебињата – вагиналниот микробиом или цревниот

микробиом, како и – каква улога има доењето во сето ова.

Од 2000 година, стапката на царски рез е двојно зголемена во светот. Хирургијата сега опфаќа

околу 20 проценти од раѓањата во светот, а во Бразил тој процент е дури 50 проценти.

Повеќе