Пет причини зошто возрасните деца ги прекинуваат врските со своите родители, според студиите

Иако многу причини за прекинување на врските се сведуваат на специфични емоции и сложени прашања, една од главните причини зошто возрасните го прекинуваат контактот со своите родители е емоционалното малтретирање.

42

Односите со родителите во зрелоста често се посложени отколку што може да изгледа на прв поглед. Додека некои пораснале со родители кои ги поддржувале и ги воделе низ секој чекор од животот, други пораснале во средина полна со несогласувања, стрес или дури и емоционални повреди.

Без разлика дали сме имале стабилно и среќно детство или спротивно, односите што ги развиваме со родителите во зрелоста често бараат прилагодување и повторно воспоставување на границите.

Многу возрасни сфаќаат дека некои динамики во детството останале непроменети и дека сега, како возрасни, сакаат или им треба различно ниво на почит, поддршка и разбирање од нивните родители.

Од друга страна, разликите во животните вредности, стиловите на комуникација и очекувањата може да го отежнат воспоставувањето здрава врска. Поради ова, некои избираат да постават цврсти граници или дури и да ја прекинат врската за да го заштитат сопственото ментално здравје.

Според истражувањата, ова се најчестите причини поради кои возрасните деца ја прекинуваат врската со родителите.

Не се чувствуваат сослушани

Според едно истражување, луѓето се чувствуваат најмногу сослушани кога во клучните односи има простор за активно слушање, отвореност и доверба. Кога родителите не успеваат да создадат таква средина, возрасните деца често не се чувствуваат слушнати и видени, особено кога нивните животни обврски стануваат посложени, пишува YourTango.

Уморни се од постојани критики

Една студија покажала дека возрасните деца пријавиле дека „стилот на комуникација“ повеќе придонесува за токсичноста на врската отколку самиот конфликт.

Разликите во вредностите, верувањата и начинот на живот често предизвикуваат несогласувања и го зголемуваат стресот кај децата кои бараат поддршка и наместо тоа добиваат критики.

Имаат нерешени трауми од детството

Една студија покажува дека возрасните деца со нерешени трауми тешко напредуваат додека нивните родители не ги признаат.

Кога родителите ги отфрлаат или не ги признаат нивните трауми од детството, им отежнуваат на децата да се заштитат себеси, да градат поздрави односи и да одат напред без чувство на осуда.

Нивните граници не се почитуваат

Според книгата на терапевтката Ана Кетрин, „Boundaries: Where You End and I Begin”, поставувањето граници за возрасните деца кои потекнуваат од дисфункционални семејства може да биде непријатно, но е исклучително важно за одржување на емоционалното здравје.

Границите дозволуваат простор за личен интерес, самопочит и заштита и обезбедуваат флексибилност, така што интеракциите со членовите на семејството се здрави, продуктивни и сочувствителни, наместо непријателски.

    Кога родителите активно ги игнорираат, омаловажуваат или преминуваат овие граници, тие ја загрозуваат емоционалната благосостојба на нивните деца и ја ставаат сопствената потреба за присуство и енергија над нивната.

    Во врската има емоционална злоупотреба

    Иако многу причини за прекинување на врските се сведуваат на специфични емоции и сложени прашања, една од главните причини зошто возрасните го прекинуваат контактот со своите родители е емоционалното малтретирање.

    Секоја интеракција со таквите родители ги исцрпува, прави да се чувствуваат виновни или прави да се чувствуваат неразбрани. Возрасните деца ја носат оваа тешка одлука за да се заштитат од токсичните обрасци на угодување на другите и срам, дозволувајќи си простор за поздрав живот.

      Повеќе