Зошто бебето се буди кога ќе го спуштите во креветчето?

Иако многуминамислат дека бебињата се будат кога ќе ги ставите заспани во нивното креветче затоа што се навикнати на држење во раце, вистината е сосема поинаква. Ова се причините поради кои можеби бебето често се буди

63

Заспаните бебиња се прекрасна глетка, но сите родители знаат каква борба стои зад тоа, колку лулање, носење и пеење песни е потребно, само за да се разбудат веднаш штом ќе ги ставите во нивното креветче.

Многумина ќе речат дека тоа е така затоа што овие бебиња се навикнати на држење, но вистината е сосема поинаква.

Развојот на бебето е сложен, а ова се причините поради кои често се буди:

Бебето расте
Во интервју со тренер за спиење, експертот вели дека овие промени во начинот на кој спие бебето се типични. Тоа се нарекува регресија на спиењето, или период кога бебињата кои претходно доживувале непрекинат сон, одеднаш почнуваат да се будат ноќе или да го прескокнуваат времето за дремка.

    Бебињата на 4 месеци ќе го имаат првиот развоен скок“, вели тренерот за спиење.

    Во овој момент, бебињата ќе почнат да спијат поинаку од начинот на кој спиеле кога се родиле. Она што ги учите во оваа фаза – и добро и лошо – е она што ја формира основата на навиките за спиење на вашето дете, објаснил тој, за Smart Parenting.

    Можеби бебето нема доволно физичка активност
    Ова исто така важи и за бебиња на возраст од неколку недели. Бебињата треба редовно да лежат на стомак, што им помага да ги развијат мускулите на грбот и вратот.

      Истражувачите од Универзитетот во Мичиген откриле дека времето поминато на стомак во текот на денот може да влијае на тоа колку долго спијат бебињата ноќе.

      Студијата ја разгледала физичката активност и однесувањето во спиењето на 22 здрави 6-месечни бебиња, а истражувачите се фокусирале на тоа колку време бебињата поминуваат на стомак во текот на денот. Тие откриле дека бебињата кои имале повеќе од оваа рана физичка активност, спијат подолго и поздраво ноќе.

      Погрижете се вашето дете да е будно и да не е уморно или гладно – додека е на стомак, советуваат експертите.

      Можеби бебето не разбира дека е време за спиење

      Родителите можат да почнат да ги учат на добрите навики за спиење бебињата на возраст од неколку недели.

      Според Клиниката Мајо, прекумерната стимулација може да ги спречи бебињата да се одморат доволно. Веќе еден час пред детето да заспие, пригушете ги светлата и прекинете ги активностите за детето да ја разбере разликата помеѓу ноќта и денот.

      На бебето можеби ќе му треба време да се прилагоди

      Експертите велат дека всушност е нормално бебињата повторно да се мешколат откако ќе ги ставите да спијат. Едно нешто што можете да направите е да се обидете да понудите смирувачки зборови пред повторно да ги кренете. Погледнете дали сами ќе се смират.

      На бебето можеби ќе му треба смирувачка масажа

      Покрај затемнетите светла во просторијата и стивнувањето на активностите, бебињата имаат голема корист од масажата. Студијата објавена од Националната библиотека за здравје на САД покажала дека додавањето нежна масажа во ноќната рутина на доенчето резултирало со помалку нарушувања на спиењето кај детето и го подобрува квалитетот на сонот на мајката.

        Покрај тоа, масажата за бебиња може дури и да ја зајакне врската помеѓу мајката и детето.

        Вашиот допир, мирис и глас можат да му дадат најголема удобност на вашето бебе.

        Следниот пат кога ќе станат немирни ноќе, исцедете мала количина бебешки лосион во вашите дланки и направете им смирувачка масажа.

        Вашето време за одмор или поминување време со партнерот не мора секогаш да биде битка, а тоа ќе го разберете ако ја пронајдете вистинската техника за да му помогнете на вашето малечко добро да спие и се држи до неа.

        Повеќе