Без разлика дали се работи за недостаток на комуникација, површно меѓусебно познавање или претерано присутни граници, секоја врска со себе носи свои специфични предизвици. Ова важи и за родителството.
Некои луѓе во зрелоста може сè уште да имаат комплицирани односи со своите родители поради нерешени ситуации од детството. Еве кои знаци може да укажуваат на тоа.
- Тие никогаш не се јавуваат, или вие никогаш не се јавувате
Комуникацијата помеѓу родителите и децата често може да биде ретка или отсутна. Таа дистанца може да произлезе од недостаток на заедничко време или подлабоко познавање. - Всушност, не се познавате
Растењето со родителите не гарантира длабоко познавање на нивната личност. Овој недостаток на отвореност може да резултира со површен однос каде што децата и родителите навистина воопшто не се познаваат. - Нема граници
Од друга страна, премногу информации може да бидат проблем. Иако можеби знаеме речиси сè за родителите, прашањето е колку треба да знаеме. Прашањата за интимност или тешкотии во врската може да бидат информации што родителите не треба да ги споделуваат со децата. Така се чува приватноста и се одржува здрава врска, пишува Hack Spirit. - Не сте ги виделе со години
Разделбата од родителите може да произлезе од различни комплицирани ситуации, што може да резултира со долг период без да се гледаме. - Се обидуваат да ве контролираат
Родителите кои се мешаат во сите аспекти од животот на децата можат да создадат комплицирана динамика. Оваа форма на родителство може да произлезе од љубов или анксиозност, но често резултира со недостаток на автономија кај детето. Ако нашите родители сѐ уште се обидуваат да нè контролираат, тоа е затоа што ние им дозволуваме.