Пет знаци на дисфункционално семејство

Можеби мислите дека вашето семејство нема проблеми, но ако се препознавате во некој од овие знаци, тогаш е подобро да ги преиспитате меѓусебните односи

1.475

Толстој напишал: „Сите среќни семејства се слични, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин…“ Многумина сфатија дека совршеното семејство е илузија и дека дисфункционалните семејства се реалност од која е тешко да се избега. Манси Завери, експерт за родителство, за Kisdsstoppress наведува пет знаци кои говорат дека сте дел од дисфункционално семејство.

Злоупотреба во која било форма

Физичкото, емоционалното или сексуалното насилство е јасен знак за нефункционално семејство. Експертите се согласуваат дека злоупотребата, без разлика колку е блага, може да остави трајни последици и лузни кај децата дури и кога ќе пораснат.

Недостаток на граници


Кога ќе забележите дека нема граници, знајте дека сте на тенок мраз и дека вашето семејство е нефункционално.

Недостаток на доверба

Недостатокот на доверба, меѓу возрасните или меѓу родителите и децата, е сериозен знак за дисфункционално семејство. Проверувањето на мобилниот телефон на вашиот тинејџер без негова дозвола или влегувањето во неговата соба кога тој не е дома не е прифатливо однесување.

Саботирање во семејството

Ова може да се однесува на врски, прифаќање нови членови, саботирање на плановите или кариерата на детето или партнерот и покажува дека повеќе не сте тим.

Борба за авторитет


Родителите често бараат контрола над најмалите нешта. Ако партнерите се натпреваруваат и се борат за авторитет, тоа може да предизвика распад на семејството.

Повеќе