Платено родителско отсуство и за бабите и дедовците: Во Шведска следува додаток и за грижа за внуците

Пола век откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките, почнува да се применува и новиот закон кој дозволува платено родителско отсуство и за бабите и дедовците

141

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето.

Минатиот декември шведскиот парламент го одобри владиниот предлог за трансфер на родителски додаток.

Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките.

Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето.

Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави шведската агенција за социјално осигурување.

Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или за околу 16 месеци по дете.

Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден.

Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.

Повеќе