Помалку од 9 часа сон има сериозни последици врз мозокот и когнитивниот развој на децата

Децата кои спијат помалку од девет часа секоја вечер имаат значително изменети региони од мозокот поврзани со меморијата и интелигенцијата во споредба со децата кои спијат девет или повеќе часа. Помалку сон кај децата го зголемува ризикот од депресија, анксиозност и импулсивно однесување.

117

Учениците од основните училишта кои спијат помалку од девет часа секоја вечер имаат значително изменети региони од мозокот поврзани со меморијата и интелигенцијата во споредба со децата кои спијат препорачаните 9 до 12 часа, според новата студија спроведена од научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд (UMSOM), која пред неколку дена беше објавена во списанието Lancet Child & Adolescent Health.

Овие разлики во мозочните региони се поврзани со проблеми со менталното здравје – депресија, анксиозност и импулсивно однесување. Недоволното спиење е поврзано и со послаба меморија, решавање проблеми и донесување одлуки.

Ова е прва студија која ги испитуваше долгорочните последици од лишувањето од сон врз неврокогнитивниот развој на децата во предтинејџерската возраст и вклучува податоци за 8.300 деца на возраст од 9 и 10 години.

„Откривме дека децата кои спијат недоволно, поточно помалку од девет часа секоја вечер, имаат помалку сива материја или помал волумен на одредени делови од мозокот одговорни за внимание, меморија и контрола на импулсите, во споредба со децата со здрави навики за спиење. вели еден од авторите на студијата, д-р Зе Вонг, професор по дијагностичка радиологија и нуклеарна медицина на УМСОМ.

„Овие разлики продолжија да постојат две години подоцна, што е загрижувачко откритие што ни кажува дека лишувањето од сон има трајни ефекти.

Детскиот сон може да страда поради напорниот распоред со домашни задачи и воннаставни активности. Сега знаеме колку сериозни последици може да има ова врз развојот на децата“, предупредуваат научниците.

Повеќе