Поради зголемениот број на дебели деца, Велика Британија забранува рекламирање на брза храна

Со помош на оваа мерка сакаат да решат еден од големите проблеми во земјата, а тоа е дека секое петто дете е со прекумерна тежина или дебело, дури и пред да започне да оди во основно училиште.

53


Во Велика Британија, сите содржини што не се соодветни за деца може да се рекламираат по 21 часот.

По октомври 2025 година, во оваа листа ќе бидат вклучени и сите реклами за брза храна, а на огласите на Интернет исто така ќе биде забрането да промовираат производи со висока содржина на масти, сол и шеќер.

Ендрју Гвин, министерот за јавно здравство на Велика Британија, потврди дека рекламите за нездрава храна ќе бидат додадени на листата на забранети содржини, кои веќе вклучуваат пороци како што се коцкањето и алкохолот, пишува Euro News.

Сé повеќе британски деца се дебели

Сето ова е дел од напорите на јавното здравство за подобрување на општото здравје во државата, каде особено загрижува фактот што сé повеќе деца имаат проблем со прекумерна тежина и дебелина.

Гвин објаснил дека со помош на оваа мерка сакаат да решат еден од големите проблеми во земјата, а тоа е дека секое петто дете е со прекумерна тежина или дебело, дури и пред да започне да оди во основно училиште.

Кога станува збор за децата во основно училиште, повеќе од една третина од децата се борат со овој проблем.

Овие бројки се релативно во согласност со европската иницијатива на Светската здравствена организација за следење на дебелината кај децата помеѓу 2018 и 2020 година, која покажа дека во 33 европски земји, 29 отсто од децата на возраст од 7 до 9 години биле со прекумерна тежина.

Кој е виновен за ова?

Експертите сметаат дека главни виновници за ваквата состојба со децата во многу земји се неправилната исхрана, големите порции, стресот, влијанието на семејството и општеството, но и рекламните кампањи кои промовираат нездрава исхрана.

Повеќе