Што да правите кога имате пребирливи деца? „Не им давајте сé на чинија“

Секој родител кој има пребирливо дете кога е храната во прашање знае колку е тоа заморно и тешко. Честопати се прашуваме дали правиме нешто погрешно и што всушност е проблемот. Па, понекогаш мала промена може да значи многу.

171


Како што се наближува времето за оброк, вие сте сè понервозни и понетрпеливи.

Знаете што ве чека и не сакате повторно да поминувате низ тоа, како секој ден – одбивање и пребирање на храната.

И на крајот од оброкот пак имаш гладно дете за кое знаеш дека нема да биде расположено, па ќе му дадеш ужинка, а потоа ќе се лутиш што детето не јадело ништо здраво и конкретно.

И така во круг.
Разбирате како се чувствува секоја мајка која поминува низ ова.

Имате чувство дека веќе сте испробале речиси сé, но ништо не функционира.

Дури и ако еден ден јаде нешто, следниот ден не му се допаѓа, а вие му го нудите токму тоа.

Јасно е дека сето тоа иритира и заморува.

Сите сакаме нашите деца да ги добијат сите потребни хранливи материи што им се потребни, но како да го направиме тоа кога одбиваат каква било нова храна, а понекогаш дури и она што го јаделе пред некој ден?

Кју Касиди Андерсон (@cassidyandkids), терапевтка за хранење (зарем постои и нешто такво?!), неодамна објави видео кое стана вирално бидејќи содржи многу едноставен трик што таа го користи за да ги поттикне децата да јадат разновидна храна.


„Наједноставната промена што можете да ја направите ако вашето дете одбива или фрла храна! Верувајте ми, овој трик ќе резултира со тоа вашето дете да биде повеќе ангажирано за време на оброците“, пишува таа покрај објавата.

Во видеото, истакнува дека „грешката број еден“ што ја прават родителите кога ги хранат малите деца е што го ставаат целиот оброк во нивната чинија и очекуваат да го јадат она што е пред нив, без исклучок.
„Ако вашето бебе, мало или големо дете одбива храна, не ставајте се што им нудите во чиниите“, советува Андерсон.

„Наместо тоа, ставете една работа во нивната чинија и послужете ги останатите работи што сте ги планирале за целото семејство.

Може да биде овошје, зеленчук, ова може да биде главен оброк, што и да посакате, ставете го во голем сад, послужете го на средината на масата и веднаш ќе се разбуди интересот на вашето дете.
Таа вели дека овој трик треба да функционира веднаш, при првиот обид, а еве зошто:

„Децата ја сакаат контролата, уште повеќе кога станува збор за нивната храна, затоа бидете подготвени за успех ако нудите нешто за целото семејство, тие ќе бидат многу позаинтересирани да испробаат нови работи или едноставно да јадат нешто што веќе го јаделе, послужено на поинаков начин.
Тоа е толку едноставна промена, но престанете да ставате сè во чинијата на вашето дете и оставете го да избере од она што ќе им го служите на сите други.

Секако, секое дете е различно и можно е тоа да не успее кај вашето дете, но родителите на пребирливите деца се секогаш подготвени да пробаат што било ново.

Имајќи предвид дека децата секогаш го сакаат она што го јадат возрасните, оваа препорака има смисла.

Ако ништо друго не функционира, доволно е да се запамети дека повеќето деца го надминуваат пребирливото јадење во раните години од основното училиште.

Засега, ваша задача е да му понудите на вашето дете широк спектар на опции за храна, а нивна работа е да одлучат што сакаат да јадат – и колку.

Па и ако не јадат ништо… Ќе огладнат еден ден.

Повеќе