Пожарникари спасувале деца оставени во автомобили: Во хрватските градови Макарска и Каштела родителите се соочуваат со затворски казни

Стресот, брзиот живот и големиот број секојдневни обврски, но и високите температури, се најчестите причини за заборавноста на родителите.

342

Во хрватските градови Макарска и Каштела деца останале заклучени во автомобил и биле спасени од пожарникарите.

Нивните родители се соочуваат со 15 години затвор.
Пожарникарите од Сплитската јавна противпожарна бригада и доброволната противпожарна единица Каштела имале две интервенции за извлекување на деца од заклучени автомобили.

Ова е вклучено во кривичните дела повреда на правата на детето, за кои може да се добие казна затвор до 15 години.

Имено, во Макарска детето останало заклучено во возилото, а се се случило околу 17 часот и 26 минути.

На интервенција биле спасувачите од ЈВП Макарска со едно возило и тројца пожарникари, јавува денеска Слободна Далмација.

Ннешто слично се случило и во Каштела Лукшиќ.

Детето останало заклучено во возилото, а пријавата пожарникарите ја добиле околу 20 часот и 34 минути.

На терен биле спасувачите од ДВД Каштела со едно возило и тројца пожарникари.

Оставањето дете без надзор во затворено возило значи грубо запоставување и злоупотреба на детето, што е одлика на кривичното дело Повреда на правата на детето.

Последиците може да бидат смрт на детето или сериозно нарушено здравје.

За одговорното се пропишани казни затвор од 1 до 15 години.

Стресот, брзиот живот и големиот број секојдневни обврски се најчестите причини за заборавноста на родителите.

Борбата со помнењето често се манифестира со тоа што активностите ги извршуваме автоматски, не им посветуваме доволно свесно внимание, а подоцна не можеме да се сетиме дали нешто сме направиле или не (исклучување на пеглата или шпоретот).

Посебно внимание треба да се посвети на децата, имајќи предвид дека во текот на летните месеци се повеќе се случуваат несреќни случаи кога родителите преоптоварени од обврски и како последица од високите температури ги забораваат децата сами во возилото.

Повеќе