Професија на денешницата: Сурогат мајка откри колку заработува

Оваа млада жена ја нашла својата професија од соништата – станала сурогат мајка и на овој начин им помага на паровите кои не можат да имаат дете, ама и заработува

297

Јесенија сака да биде бремена и сака да им помага на паровите за кои бременоста е невозможна. Таа ги спои овие две работи и стана сурогат мајка, а за овој „повик“ често зборува на TikTok.

Јесенија е мажена и е мајка на машко дете. Ја контактирала агенцијата која помага да се завршат сите формалности – од вградување на оплодената јајце клетка, преку породување, до предавање на детето на родителите. Таа отворено зборува за се во видеата што ги објавува, а она што предизвика најмногу реакции е видеото во кое таа открива колку заработува.
„Трошоците за ваков зафат се разликуваат од земја до земја. Во САД каде што живеам надоместокот е од 40 до 50 илјади долари, а парите ги добивам на 10 рати. Исто така, семејството на детето ги сноси трошоците за медицински прегледи, здравствено осигурување и слично“, тврди Јесенија.
Таа признава и дека разделбата со родителите на кои им помогнала да го донесат детето на свет е тешко искуство. Нејзиниот сопруг е нејзиниот најголем поддржувач.

@mamayessenia

Comment surrogacy questions below ❤️ • • • • • • • • • • • • • • #surrogacyjourney#surrogate#surrogacycompensation #surrogacyislove#surrogacypay#qanda

♬ Spring – Aesthetic Sounds
Повеќе