Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки

Во детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје беше промовиран Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во издание на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, а издаден со поддршка на Министерството за здравство на Македонија.

116

Во детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје, на промоцијата на Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Министерката истакна дека грижата за децата и обезбедувањето услови за правилен раст и развој за секое дете е еден од приоритетите на министерството.

„За нас секое дете е важно и секое дете заслужува да има еднаков пристап до ресурсите во општеството  во однос со останатите деца. Ми претставува сообено задоволство што сум тука денеска на промоцијата на прирачникот наменет за децата од предучилишното и основното образование, како да им помогнат на своите другарчиња, прирачникот е наменет и за воспитниот кадар за вработените, како да пристапиме кон децата со дијабетес и како да не ги дискриминираме, односно да овозможиме еднаков третман на сите деца во градинките“, изјави Тренчевска.

Прирачникот, во издание на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, а издаден со поддршка на Министерството за здравство на Македонија, ќе биде присутен на веб страната на министерството за труд и социјална политика и ќе биде испратен до сите градинки со цел да го објават на нивните веб страни, а ќе им биде доставен и во хартиена форма.

Загрижувачки е податокот дека зачестеноста на дијабетесот во светот се зголемува и истражувањата покажуваат дека токму децата се во зголемен ризик од развивање на оваа болест.

Претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК Наташа Деспотовска Димитриевска информира дека во нашата држава има регистрирано над 130 илјади лица со дијабетес. Од нив околу 5 000 се лица со тип еден дијабетес, а тука се и тие дечиња за кои што е овој протокол наменет и изработен. Станува збор за 700 деца и адолесценти до 18 години кои ги посетуваат градинките, основните и средните училишта, истакна таа.

И општина Центар се приклучува на овој проект на владиниот и граѓанскито сектор наменет за поддршка на децата со дијабетес кој ќе почне да се применува токму во училиштата и градинките во оваа општина.

Протоколот всушност претставува прв стручно изработен и рецензиран протокол за постапување наменет за 700 деца со дијабетес тип 1 во нашата земја кои редовно посетуваат детски градинки, основни и средни училишта, а бара пошироко институционално имплементирање и прифаќање.

Повеќе