Психолог открива кои лаги можат да им го олеснат животот на родителите (и децата)

„Лажењето не е знак за лошо родителство. Ние кажуваме бели лаги во просек 34 пати на ден”, вели детскиот психолог Алисон МекКлимонт за The Sun.

69

Иако родителите можеби мислат дека лажењето на децата не е во ред, детски психолог верува дека понекогаш тоа не е лоша идеја. Додека ги учиме децата никогаш да не лажат и им нагласуваме да не го прават тоа, невините бели лаги одвреме-навреме можат да го олеснат животот.

„Лажењето не е знак за лошо родителство. Ние кажуваме бели лаги во просек 34 пати на ден”, вели детскиот психолог Алисон МекКлимонт за The Sun.

Според Меклимонт, можеме да користиме бели лаги за да направиме нашето дете да се чувствува важно. Затоа, таа предлага за секое уметничко дело што тие ќе го направат, да кажеме дека е неверојатно.

„Нема секој цртеж да заврши на фрижидерот, но важно е децата да чувствуваат дека создале ремек-дело. Уметноста е позитивен, вреден потфат и секогаш треба да се слави. Развивањето на креативноста поттикнува самодоверба, имагинација и изразување”, објаснила таа.
Втората лага им ја препорачува на родителите чии деца не сакаат да спијат.

„Олеснете си и кажете дека и вие ќе одите во кревет. Вашето дете можеби повеќе ќе сака да оди во кревет поради тоа, наместо да се грижи дека ќе пропушти нешто ако сите останати сѐ уште се будни“, објаснила таа.

За да ги поттикнат помладите деца да се оддалечат од екраните, според Меклимонт, родителите можат да им кажат на децата дека играњето игри или гледањето телевизија по 20 часот е забрането.

Повеќе