Родители трчале маратон со нивниот шестгодишен син, луѓето им повикале социјална служба
Според упатствата на Клиниката Кливленд, децата на возраст под седум години треба да трчаат само забавни трки долги 1,5 до 3 километри. Децата на возраст од 8 до 12 години можат безбедно да учествуваат во трки од 5 километри, а децата на возраст од 13 до 15 години можат безбедно да трчаат 10 километри или полумаратон. Се препорачува да се трча маратон само на возраст од 16 до 18 години.
Родители од Кентаки се нашле на удар на критики на социјалните мрежи затоа што трчале маратон со нивниот шестгодишен син. Ками и Бен Крафорд објавиле дека нивниот син Рение трчал на маратонот The Flying Pig во Синсинати претходно овој месец. Тие спомнале дека по 32 километри „физички се мачел и сакал да паузира и да седнува на секои три минути“.
„Тој плачеше, а ние полека се движевме, па му ветивме две пакетчиња чипс доколку продолжи“, напишале тие и објавиле фотографија од Рение како го држи чипсот.
Тие истакнуваат дека нивните пет поголеми деца ја завршиле трката еден час пред нив, а потоа ги чекале родителите и Рение на целта.
“Детето изгледа тажно и исцрпено. Не ми се верува што прават луѓето за лајкови”, коментира еден корисник на Инстаграм.
„Оваа приказна е вознемирувачка за читање“, додава друг.
Откако најавите привлекоа внимание, родителите објавија дека социјалните работници ненајавено дошле во нивниот дом за да разговараат со децата заради пријавата за злоупотреба.
„Неговото плачење и бавното движење беа резултат на емоционално разочарување и стандарден маратонски замор. Тој воопшто не сакаше да се откаже”, се обиделе да се одбранат родителите.
Според упатствата на Клиниката Кливленд, децата на возраст под седум години треба да трчаат само забавни трки долги 1,5 до 3 километри. Децата на возраст од 8 до 12 години можат безбедно да учествуваат во трки од 5 километри, а децата на возраст од 13 до 15 години можат безбедно да трчаат 10 километри или полумаратон. Се препорачува да се трча маратон само на возраст од 16 до 18 години.
Во 2019 година, 11-годишниот Ејден Јакез поставил рекорд во трчање полумаратони во сите 50 американски држави во текот на четири и пол години. Првиот полумаратон го истрчал на шестгодишна возраст.