Родителите ја напуштиле кога била бебе, на 14 години станала холивудска ѕвезда

Од напуштено дете со Даунов синдром, до ново семејство, кариера како модел и филмска улога во „Игрите на гладните“. Ова е накусо неверојатната приказна на Софија Санчез

211

Софија Санчез има неверојатна животна приказна. Нејзините родители ја оставиле како бебе бидејќи е родена со Даунов синдром. Среќата брзо и се насмевнала и во нејзиниот живот влегол брачниот пар Санчез и таа добила нови мајка и татко.

Џенифер и Хектор Санчез ја виделе фотографијата на Софија на веб-страницата на организацијата која наоѓа домови за деца без родители со Даунов синдром и веднаш се вљубиле во неа. Веќе имале три сина, од кои еден со Даунов синдром и сакале да го прошират своето семејство.

„Веќе одгледувавме дете со Даунов синдром и се прашувавме зошто на Софија да не ѝ дадеме дом полн со љубов, а на нашиот син Хоакин да не му дадеме сестра што е иста како него“, рекла Џенифер.

Таа ја поттикнувала Софија да биде гласна и да зборува за нејзината состојба, што довело до тоа девојчето да стане истакнат застапник за луѓето со Даунов синдром. Софија дури работела како модел и се појавувала во неколку национални рекламни кампањи и реклами.

И не застана тука. Во претстојното предпродолжение на Hunger Games: The Ballad of the Songstress and the Snake, Софија ќе се појави покрај познатите личности како Хантер Шафер, Виола Дејвис, Питер Динклиџ и Рејчел Зиглер. Џенифер верува дека пораката на Софија треба да се сподели за луѓето да ја видат вистинската убавина на несовршеноста.

Повеќе