Родителски трикови: Ако баш не сака никако да го испие лекот, обидете се вака (ВИДЕО)

Една мајка која вели дека претходно ги испробала сите начини за да му даде лек на своето дете, тврди дека конечно го нашла најлесниот начин: „Ништо друго не функционираше“

189

Секој родител ќе се согласи дека давањето лекови на мало дете е прилично незгодна задача.

Кога се болни, децата се плачливи, а веста за тоа дека е време за сируп, во повеќето случаи нема да ја прифатат добро.

Според студијата од 2017 година објавена во Scandinavian Journal of Primary Health Care, се покажало дека родителите им даваат лекови на децата на три начини: некои го прават тоа преку игра или убедување, други со сила, а трети го камуфлираат лекот во храната или му го даваат на детето додека спие или на друг начин му го одвлекуваат вниманието.

Оваа последна група ја вклучува Меги Лим, мајка која ги испробала сите методи, а потоа го нашла овој кој звучи малку чудно, но кога ќе го видите видеото, ќе сфатите дека е навистина ефикасен.

Кога забележала дека нејзината ќерка е заинтересирана за лименки со сок, дошла на идеја да го искористи тоа.

„Важно е конзервата добро да се измие пред да му се даде на детето.

Исто така, секогаш прво ја пробувам традиционалната метода на давање лек со лажица или шприц, но ако не успее, прибегнувам кон овој метод“, вели таа.

Погледнете го видеото за да сфатите за што станува збор.

@mxggsiie

I mean .. we tried all ways but it just didnt work so BIG Thankyou @POKKASG 😂 one can but dual use HAHA #babiesoftiktok

♬ Funny – Gold-Tiger
Повеќе