Совети за чистење со цимет: Покрај убавиот мирис, циметот има и антибактериски својства

Освен што има доста здравствени придобивки кога се консумира како зачин и додавањето цимет во водата за чистење на подот има неколку придобивки

725

Покрај убавиот мирис, циметот има и антибактериски својства.

Имено, додавањето цимет во водата за чистење на подот има неколку придобивки за просторот за живот и домување.

„Користењето цимет во водата во која ги натопувате вашите крпи за бришење на подот може да остави пријатен мирис во просторијата“, советува Петја Холевич, стручњак за чистење куќи и домови и менаџер во „Фантастик сервисес“ (Fantastic Services).

Сепак, вели таа, избегнувајте да користите премногу цимет, бидејќи може да остави траги на подот доколку не се разреди правилно…

Наместо да нанесувате цимет директно на крпата, тaa препорачува циметот да се додаде во самиот раствор за чистење.

„Ќе ви треба топла вода, неколку капки благ детергент за садови и едно до две стапчиња цимет или една лажичка мелен цимет.

Измешајте ги состојките во кофа со вода, оставете го циметот да кисне неколку минути за водата да го добие тој мирис на цимет.

Потоа, исчистете го подот како и обично, само сега со додаден цимет во растворот.

Ова ќе го рашири мирисот на цимет во воздухот, оставајќи ја просторијата миризлива, додека топлата вода и благото средство за чистење темелно ќе го исчистат подот, додава таа.

Елизабет Шилдс, професионална чистачка и менаџерка во „Супер клининг сервис Лујсвил“ (Super Cleaning Service Louisville), се надоврзува со тоа дека „циметот има повеќе антибактериски својства“, што значи дека е повеќе од само површен додаток во рутината за чистење.

„Циметот има природни антибактериски својства, па кога се додава во растворот за чистење, може да помогне да се уништат или да се спречи растот на бактериите на површините.

Тоа го прави природно и делотворно антибактериско средство за чистење во домаќинството, заклучила таа.

Повеќе