Шест предности од раѓањето на позрела возраст

Добрата вест е дека сѐ повеќе истражувања откриваат некои изненадувачки предности од родителството на позрела возраст, како за мајките, така и за бебето.

681

Сознанието дека имаме биолошки часовник што отчукува може да биде навистина застрашувачко. Вистина е дека бројот на јајце-клетки кај жените се намалува како што стареат, а бременоста по 35-годишна возраст доаѓа со дополнителни ризици од компликации, како хипертензија или дијабетес за мајката, или хромозомски абнормалности, како што е Даунов синдром за детето.

Затоа, секогаш е добра идеја да се консултирате со вашиот лекар и да ги објасните вашите планови за проширување на семејството за да бидете сигурни дека го правите вистинскиот избор за вашиот живот и вашето здравје.

Но, добрата вест е дека сè повеќе истражувања откриваат некои изненадувачки предности за постарите мајки – и за нив и за бебето.

Може да ја зајакне вашата мозочна активност

Една студија тестирала 830 средовечни жени за да се утврди дали постои врска помеѓу раѓањето бебе на подоцнежна возраст и активноста на мозокот. Тие откриле дека жените што добиле дете по 35-годишна возраст имале подобра меморија.

Исто така, откриено е дека жените што го добиле своето прво дете по 24-годишна возраст биле подобри во решавање проблеми од нивните врснички кои имале деца пред 24-годишна возраст.

Детето може да има намален ризик од повреди

Секако, ќе го заштитите вашето дете најдобро што можете, без разлика на возраста. Сепак, неколку студии укажуваат на фактот дека ризикот детето да доживее ненамерна повреда за која е потребна медицинска помош се намалува како што се зголемува возраста на мајката.

Емотивно сте поподготвени

Нема сомнеж дека со годините доаѓа и зрелоста. (Само размислете колку сте се промениле од тинејџерските години!) Истражувањата покажуваат дека зрелоста игра важна улога во подоброто родителство.

Во една студија од март 2017 година холандските научници го проучувале психосоцијалниот развој на две групи деца на возраст од 7, 11 и 15 години. Едната група ги родиле мајки постари од 31 година, а другата мајки помлади од 31 година.

Кога го анализирале нивниот психосоцијален развој, откриле дека постарите мајки имаат помала веројатност да ги малтретираат или физички да ги дисциплинираат своите деца. Генерално, децата на постарите мајки биле подобро воспитани, добро социјализирани и емоционално здрави во нивните предадолесцентни години. Со други зборови, се чини дека поопуштеното родителско однесување на постарите мајки се исплатело.

Вашето дете најверојатно ќе биде технолошки подобро образовано

Колку подолго чекате да се роди, толку е поголема веројатноста вашето дете да порасне разбирајќи ги понапредните нивоа на технологија.

-Децата на постарите родители имаат корист од образовниот, технолошкиот и социјалниот напредок постигнат во задоцнетите години на раѓање. Едно шведско истражување покажа дека кога ќе се земат предвид овие достигнувања, децата на постарите родители имаат тенденција да бидат поздрави и пообразовани – вели д-р Камела Филипс, гинеколог од Њујорк.

Финансиска стабилност

Многу студии ја поддржуваат теоријата дека здравствената состојба често е поврзана со сумата пари на сметка. Ако сте заработиле диплома и сте инвестирале време во развојот на вашата професионална кариера, поверојатно е дека ќе заработите повеќе од мајките што имале деца пред да градат кариера.

-Студиите покажуваат дека децата на постарите мајки остануваат подолго во образовниот систем, имаат подобри резултати на стандардизираните тестови и имаат поголема веројатност да одат на факултет, за разлика од нивните врсници родени од млади мајки – вели Салбер.

Можеби ќе живеете подолго

-Некои луѓе мислат дека раѓањето бебиња подоцна во животот значи дека нема да имате енергија да останете во чекор со мало дете или, уште полошо, дека нема да бидете присутни за нивните главни животни настани, како што се венчавка или раѓање на нивни деца – вели Салбер.

Но, истражувањата покажале дека ова е далеку од вистината. Всушност, една студија од 2015 година покажала дека жените што имаат деца по 33-годишна возраст имаат двојно поголема веројатност да живеат до 95-годишна возраст, во споредба со жените што го добиле последното дете пред 30-тата година. И тоа е нешто за кое вреди да се размисли!

Повеќе