Што е дијастаза и како да ја препознаете?
Многу жени не се сигурни како да препознаат дека станува збор за дијастаза, но сепак, постојат симптоми. Како што објаснуваат експертите, најчест симптом е испакнатината на стомакот што не исчезнува, особено кога ги напрегаме или затегнуваме стомачните мускули.
Дијастазата е честа состојба кај трудниците и жените после породувањето. Се јавува кога стомачните мускули се одвојуваат за време на бременоста од истегнување. На тој начин, стомакот може да стрчи или да биде испакнат со месеци или со години по породувањето. Токму тоа е причината поради која најголемиот број родилки се јавуваат кај своите лекари.
Според Healthline, за време на бременоста, стомачните мускули и сврзното ткиво се растегнуваат од матката, која се шири како што расте бебето. Исто така, напрегањето за време на породувањето може да доведе до дијастаза.
Многу жени не се сигурни како да препознаат дека станува збор за дијастаза, но сепак, постојат симптоми. Како што објаснуваат експертите, најчест симптом е испакнатината на стомакот што не исчезнува, особено кога ги напрегаме или затегнуваме стомачните мускули. Други знаци вклучуваат:
болки во долниот дел на грбот
лошо држење на телото
затвор
надуеност.
Понекогаш може да се јави болка во карлицата, која може да ја спречи жената да ги извршува секојдневните работи, дури и наједноставните.