Што е најважно за воспитување успешно дете? Психолог од Харвард открива на што треба да се обрне најголемо внимание

Едно истражување меѓу децата покажало дека родителите се трипати погорди ако нивното дете добива добри оценки отколку ако е љубезно со своите врсници. Ова, како што објаснува психологот, е една од најголемите грешки бидејќи учењето на љубезност е најважно во воспитувањето на успешно дете.

1.637

За родителите е најважно нивните деца да се здрави, среќни и успешни, но исто така настојуваат и да ги подготват за реалниот свет за што полесно да се справат со предизвиците што ќе доаѓаат додека растат. Сепак, психологот од Харвард, Рик Вајсбурд, открил дека многу родители занемаруваат една работа која е исклучително важна на овој пат, а станува збор за љубезноста.

Со оглед на тоа што работел на истражување кое се фокусирало на добросостојбата на децата, податоците што ги добил, како што вели, навистина го изненадиле. Како што пишува „Вашингтон пост“, Вајсбурд открил дека дури 80 отсто од родителите повеќе се грижат за достигнувањата или среќата на своето дете отколку за тоа дали тоа чувствува емпатија кон другите луѓе.
Освен тоа, едно истражување меѓу децата покажало дека родителите се трипати погорди ако нивното дете добива добри оценки отколку ако е љубезно со своите врсници. Ова, како што објаснува, е една од најголемите грешки бидејќи учењето на љубезност е најважно во воспитувањето на успешно дете.

Со цел да им помогне на родителите да работат повеќе на развивање на емпатија, односно љубезност кај нивните деца, тој сподели неколку совети кои навистина би можеле да им помогнат во тоа. Тоа се следниве:

Родителите треба да бидат пример за своето дете, со однесување и зборови
Родителите треба да ја вербализираат љубезноста и да го научат детето да го прави истото
Родителите треба да му помогнат на детето да ги контролира негативните емоции
Родителите треба да го научат детето како да биде благодарно за она што го има.

Повеќе