Што сè може да ги насмее бебињата? Кивање, лустери, шушкава пластична кеса…

Шише вода, шушкава пластична кеса, радијатор, лустер, кивање – сето тоа се работи што им се интересни на бебињата. Зошто таквите ситници толку многу им го привлекуваат вниманието?

45

Секој родител понекогаш останува вчудоневиден кога бебето ќе се „скине“ од смеење, а никој не разбира зошто. На пример, кога кивате или кога ќе зашушкате со кеса.

Или бебето може самостојно да се загледа во сенката на ѕидот или во лустерите со необична форма и да остане мирно да ги набљудува овие необични контури, дури и по половина час.

На интернет кружат различни видеа на кои бебиња се смеат на најразлични чудни работи, како што е чистење со сунѓерче, гужвање хартија, одлепување на леплива лента… Што и да ви текне!

Кивањето е гаранција за добра забава
Кога ќе се родат, бебињата сè уште немаат најдобар слух.

Бебињата особено уживаат во кивањето затоа што е гласно. Тие слушаат како што слушаме ние возрасните кога имаме силна настинка и ни се затнати ушите. Силното кивање придружено со чуден израз на лицето (ги гледаат контрастите на лицето) е добитна комбинација за смеење, објаснуваат експертите.

Една мајка напишала за она што го забавувало нејзиното бебе: „Мојот син ги сметаше етикетите навистина интересни некое време. Ги фаќаше со прстите и ги гледаше како некакво чудо“.

И има едноставно објаснување за овој навидум чуден феномен. Бебињата учат преку допир. Така, допирајќи ја испакнатата етикета, тие го истражуваат светот.

Речиси сите бебиња сакаат етикети бидејќи се со соодветна големина за нивните мали рачиња и имаат различна текстура. Обично се во контрастни бои, што е токму она што го гледаат нивните очи.

Радијаторите го привлекуваат нивното внимание
Како што тие сè уште не слушаат добро, не гледаат на ист начин како ние. Бебињата на возраст од два месеци можат да следат предмет кој се движи во лак од приближно 15 сантиметри од нивното лице. Малите бебиња гледаат контрасти и бои.

Токму затоа сакаат да гледаат во ѕидот или во радијаторите. Имено, не можат да разликуваат длабочина и бои. Сепак, она што можат да го видат се контурите, или рабовите каде што се спојуваат ѕидот и таванот. Она што особено ги интересира се сенките на ѕидовите и радијаторите. Па уште и ако се движат, забавата е загарантирана.

Една мајка раскажува за опсесијата на своето бебе со лустерите.

„Имаме големи лустери со интересни форми, црни се, а таванот е бел, па тој знае навистина долго да гледа во нив, додека лежи во креветчето, додека го пресоблекуваме, додека јаде… И да, им „зборува“ и им се смее“.

Друга мајка ја опишала љубовта на своето бебе кон радијаторите: „Нашето малечко кога е на подлогата за пресоблекување секогаш гледа во радијаторот. Понекогаш му се насмевнува, а пред некој ден дури и „разговараше“ со него.

Уживајте во смеата.


Друга необична работа што го насмевнува секое бебе е звукот на шушкање, особено на пластичните кеси. И кесите им се интересни поради нивната структура и за нив, смешниот звук што го испуштаат кога ќе ги допрат.

„Причината поради која некои необични нешта ги смируваат бебињата е тесно поврзана со нивниот развој. Тие го сакаат она што можат да го забележат, нешто што е контрастно, доволно блиску до нив и доволно мало за да можат да го испитаат со малите рачиња или да го слушаат со недоволно развиените ушни тапанчиња“, велат експертите.

Затоа, земете балон во рацете, кеса на главата и тргнете во поход да го насмеете вашето бебе!

Повеќе