Слушалките се сѐ поголема закана за детскиот слух

Долготрајната или екстремната изложеност на големи количества бучава може да резултира со губење на слухот или тинитус, што е постојано ѕвонење во ушите, истакнуваат експертите.

92

Слушањето музика, како и разни други содржини на различни платформи, денес е доста вообичаено да се прави преку слушалки. Од мали нозе, сите веќе слушаат музика и прават други работи на слушалки. Имено, секој има свој вкус и избор кога е во прашање содржината, а секој сака и мир додека ја слуша таа содржина. И родителите и децата. Но, знаеме дека нашите уши не се исти како детските.

Според националното истражување спроведено во САД, двајца од тројца родители велат дека нивното дете на возраст од 5 до 12 години редовно слуша музика и друга содржина на слушалки – надворешни или помали слушалки за во уво. Тоа вклучува половина од децата на возраст од 5 до 8 години, што е опасно рана возраст за изложување на ушите на долготрајна бучава, велат здравствените експерти.

„Во последниве години најмногу бевме загрижени за прекумерната употреба на аудиоуреди од страна на тинејџерите. Сепак, слушалките станаа сè попопуларни и широко распространети меѓу помалите деца, редовно изложувајќи ги на поинтензивен шум“, вели д-р Сузан Вулфорд, педијатарка од Универзитетот во Мичиген.

Вулфорд објаснила дека малите деца се почувствителни на потенцијална штета од изложување на бучава бидејќи нивните аудитивни системи сè уште се развиваат.

Половина од родителите чии деца користат слушалки велат дека нивните деца поминуваат најмалку еден час дневно со слушалки, додека секој шестти родител вели дека еден обичен ден вклучува најмалку два часа користење слушалки. Ова го покажаа резултатите од анкетата, а би било интересно да се види како стојат работите на домашен терен.

Што се однесува до Американците, според истражувањето, децата најчесто користат уреди дома или на училиште или додека се возат во автомобил. Една четвртина од родителите велат дека нивните деца повремено ги користат во авиони, а помалку од 10 отсто велат дека нивните деца ги користат во автобус, надвор или кога се во кревет. Половина од родителите се согласуваат дека слушалките им помагаат да ги забавуваат или окупираат нивните деца.

Експертите се загрижени

Долготрајната или екстремната изложеност на големи количества бучава може да резултира со губење на слухот или тинитус, што е постојано ѕвонење во ушите, истакнуваат експертите. Иако децата отсекогаш биле изложени на бучава и тоа не е ништо ново, во минатото ова изложување било многу ретко – кога присуствувале на концерт или гледале огномет. Денес, ова е многу почеста појава, а родителите лесно можат да ја потценат потенцијалната штета од прекумерната употреба на слушалки.

„Мини влакнести клетки во внатрешното уво ги собираат звучните бранови за да ви помогнат да слушнете. Штом ќе се оштетат или ќе изумрат, губењето на слухот е неповратно. Освен што го оштетува слухот, изложеноста на бучава кај децата може да влијае и на нивниот сон, учење, нивото на стрес, па дури и на крвниот притисок“, додаде”, објаснува Вулфорд.

Според истражувањето, само половина од родителите рекле дека се обиделе да ја ограничат употребата на слушалки од страна на нивните деца барајќи од нив да се одморат, поставувајќи конкретни временски ограничувања за користење или користење тајмер. Научно, истражувањето исто така покажало дека родителите на деца кои користат слушалки повеќе од два часа на ден имаат помали шанси да постават временски ограничувања или ограничувања на јачината на звукот, во споредба со родителите чии деца користат слушалки поретко.

Она што треба да го направат родителите е:

Да го следат нивото на јачината на звукот на уредите

Добар начин да проверите дали аудио уредот е премногу гласен е ако вашето дете со слушалки не може да ве слушне кога сте му на дофат на раката.

Следете го правилото „60/60“

Да не слуша музика со слушалки повеќе од 60 минути дневно и не повеќе од 60% од максималната јачина на звукот.

Бидете внимателни со уредите

Родителите може да го земат предвид ризикот од изложување на бучава кога купуваат уред за нивното дете да слуша музика. Слушните помагала кои емитуваат помалку од 70 децибели (dBA) веројатно нема да предизвикаат штета поврзана со бучавата. Исто така, проверете дали јачината на звукот може да биде ограничена на уредот.

Повеќе