Стари теми и дилеми: Кога се децата веќе премногу големи за да спијат со родителите?

Брендон Дил и неговата сопруга Меган се родители на две ќерки и целото семејство спие во иста соба. Тие го делат големиот брачен кревет со шестгодишната Сара, а креветот на 12-годишната Мекензи е веднаш до нивниот.

106

Брендон и Меган Дил не ни сонувале дека некогаш ќе спијат со своите деца и тоа, со 12-годишна ќерка. Сè се променило кога станале родители.

Мекензи, првата ќерка на брачната двојка Брендон и Меган Дил кои неодамна ја разгореа старата дискусија за тоа кога се децата премногу големи за да спијат заедно со родителите, кога се родила имала мала родилна тежина и тие сакале постојано да им биде пред очи за да можат да ја следат.

„Таа почна да спие со нас кога беше бебе и едноставно, така си остана до денес”, изјавил Брендон за Today.

Овој татко неодамна објави видео на Тик-Ток кое стана вирално. Таму вели дека дели голем брачен кревет со неговата сопруга и шестгодишната ќерка Сара, а креветот на 12-годишната Мекензи е веднаш до нивниот. Откако ја покажува собата, таткото ја прашува постарата ќерка зошто сака да спие со мама и со тато.
„Не знам, се чувствувам малку побезбедно“, вели девојчето кое е глуво, поради што ноќе не слуша ништо кога ќе го извади апаратчето за слушање.

„Тоа е морничаво чувство за неа. Понекогаш се буди и проверува дали сме до неа”, додава Брендон.
„Не знам, се чувствувам малку побезбедно“, вели девојчето кое е глуво, поради што ноќе не слуша ништо кога ќе го извади вештачкиот кохлеар.

На родителите не им пречи овој режим на спиење, но видеото наиде на различни реакции. Додека некои велат дека сакаат да го делат креветот со своите деца, други велат дека никогаш не би го практикувале тоа.
„Иако целото детство спиеја со нас, двете деца отидоа на факултет со километри далеку од нашиот дом“, напишало едно лице.

Што велат експертите?
Според психологот Лиз Нисим-Матејс, најдобро е да се прекине заедничкото спиење кога детето ќе достигне пубертет, односно околу 11-годишна возраст.

„Кога телото на детето ќе почне да се менува, тогаш дефинитивно е време да се научи да спие самостојно“, вели таа.

Но, на крајот, секој родител ќе го направи она што е правилно за неговото семејство. Сепак, педијатарката Ребека Фиск предупредува дека бебињата помлади од 12 месеци никогаш не треба да спијат со родителите во кревет, бидејќи тоа го зголемува ризикот од задушување и синдром на ненадејна смрт на доенчиња.
Минатата година актерката Алиша Силверстон откри дека таа и нејзиниот 11-годишен син Беар го делат истиот кревет. Тоа предизвика лавина реакции, па дури и осуда од психологот Рина Б. Пател која смета дека таа приврзаност со детето може да доведе до намалена количина на слобода што му е потребна на детето за истражување и дека ќе го ограничи развојот на независните вештини и ќе доведе до предизвици во другите релации.

Повеќе