Tанцувањето може да биде многу добра подготовка за породување

Танцувајќи, можеме да си го олесните породувањето, но и да му помогнете на бебето подобро да се смести во карлицата

11

Кога купуваме нов уред, ги читаме упатствата. Кога сме спортисти, се подготвуваме за натпревар. А кога е во прашање породувањето, не мислиме дека треба да се подготвуваме.

A полесно е ако се подготвите. Можете да се подготвите на цела низа наjразлични начини, а најдобро е да го направите тоа онака како што вам ви одговара. Ако сакате да танцувате, имате среќа, бидејќи тоа може да биде и подготовка за породување!

Танцувањето може да ви помогне да се поврзете со себе додека не сте бремени, за време на бременоста ќе ги истегнете колковите и ќе го ослободите стресот преку движење, а потоа кога ќе дојде денот на породувањето, вашето тело може само да почне да танцува паралелно со породилните болки.

Некои жени сведочат дека танцувањето им помогнало да се опуштат дури и за време на породувањето.

„Танцував салса дури и кога бев бремена. Момчето во стомакот не се жалеше, а кога почна породувањето во болница, воопшто не ми пречеше болничката атмосфера. Застанав до креветот, а моите колкови почнаа сами да се движат. Тоа е одлично бидејќи на овој начин можеме да го олесниме породувањето, но и да му помогнеме на бебето подобро да се смести во карлицата“, вели една од нив.

Онаму каде што танцувањето може да се спореди со породувањето е атмосферата во која се танцува. Кога сите светла се вклучени на часот по танц, потешко е да се опуштите, посвесни сте за луѓето околу вас. На подиумот за танцување светлината е пригушена, се спојувате со подиумот, вашиот партнер, музиката и можете да дозволите да уживате во движењата на вашето тело.

Така е и за време на породувањето. Ако малку ја „затемните“ атмосферата и пуштите музика која ве опушта, телото и умот ќе бидат поспремни да се препуштат на брановите на породилните болки.

И кога ќе се роди бебето (и ќе си дојдете на себе), го ставате бебето во носилката, пуштате музика и повторно уживате заедно во танцот.

Повеќе