Татко смислил казна која делува и врз најнемирните деца

Можеби најважното откритие на студијата спроведена од психологот и експерт за родителство и развој на деца, Џорџ Холден е неефективноста на физичкото казнување како средство за дисциплина. Што да се прави тогаш?

434

Една неодамнешна студија спроведена во Хонг Конг покажала дека речиси половина од децата доживуваат физичко казнување или навредливи коментари од нивните родители. 49 отсто од децата изјавиле дека претрпеле физичко казнување, 45 отсто слушнале навредливи коментари, а 68 отсто од родителите се карале.

Телесното казнување сè уште се случува многу почесто отколку што се мисли. Психологот и експерт за родителство и развој на деца Џорџ Холден вели дека причината е тоа што родителите реагираат „импулсивно или емоционално, а не намерно“.

Можеби најважното откритие на студијата спроведена од Холден е неефективноста на физичкото казнување како средство за дисциплина. Што да се прави тогаш?

„Многу родители им ги одземаат играчките на своите деца, ги одвојуваат од пријателите или ги испраќаат во аголот како метод на казнување. Но, на децата како мене не делувал ниту еден од овие методи”, напишала Рени Вилијамс во текстот објавен од Вашингтон пост.

На Вилијамс ѝ бил дијагностициран АДХД и секогаш ѝ било досадно. Нејзиниот татко за среќа го разбрал тоа и развил нова форма на дисциплина, која дала моментални резултати и долгорочни позитивни ефекти.

„Неговиот метод беше најдоброто нешто што можеше да го направи. Ќе ми дадеше енциклопедија во раце и ќе ми кажеше да научам нешто за одредена тема, а подоцна ќе ме испрашаше. Тоа беше казна во тој смисол што требаше да прекинам со тоа што го првам, а исто така ми го окупираше умот и претставуваше тип на ментален предизвик што ми недостасуваше“, објаснува таа.

Не беше лесно, признава. Отпрвин знаела да му противречи на нејзиниот татко, но брзо сфатила дека сака да одговори на секое прашање што ѝ го поставувал за лекцијата што ѝ ја дал да ја научи.

„Тоа ми помогна да го променам моето однесување во истиот момент и да барам книги секогаш кога ми е досадно. Функционираше. Пораснав и станав адвокатка која има различни случајни знаења кои ми се корисни додека гледам квизови. До денес, татко ми е единствениот човек што може да ме победи “, продолжува таа.

Затоа Вилијамс ги советува родителите да се обидат да постигнат казна преку еден вид игра. Ова ќе го одвлече вниманието на децата и ќе ги спречи да се однесуваат лошо, а истовремено ќе им обезбеди ментална стимулација кога им е досадно и кога ве малтретираат.

Повеќе