Трауми од детството и како се одразуваат врз личноста во периодот на зрелоста

Траумите од детството можат да влијаат на вашите врски, вашата кариера и начинот на кој се снаоѓате во секојдневниот живот. Знаците на траума од детството може да бидат суптилни и толку рутински што изгледаат речиси нормални, смета психологот

737


Психологот д-р Лалитаа Суглани откри 14 начини на кои траумата од детството може да се манифестира во зрелоста. Со повеќе од 110.000 следбеници на Инстаграм, таа сподели објава во која појасни дека траумата од детството може да има „трајно влијание и да се одрази во периодот на зрелоста“.

„Тоа може да влијае на врските, вашата кариера и начинот на кој се снаоѓате во секојдневниот живот. Знаците на траума од детството може да бидат суптилни и толку рутински што изгледаат речиси нормални“, вели таа.

Истакнува дека на многумина може да им биде тешко да сфатат како траумата ги обликувала нивните животи, но разбирањето што се случило може да понуди пат до исцелување и внатрешен мир.

„Исцелувањето е процес кој е различен за секого. Не се работи за покажување со прст, туку за развој на самосвест и разбирање за да можеме во иднина да донесуваме одлуки кои ги поддржуваат нашите потреби. Работите што можат да помогнат се идентификување на незадоволените потреби, разбирање на гневот , управување со грижата за себе и употребата на емоциите како систем на насочување и идентификација на она што ни треба за да се смириме во одреден момент“, појаснува таа и наведува 14 начини на кои траумите од детството можат да се манифестираат во зрелоста.

Се трудите да бидете совршени и претерано размислувате за сè
Се плашите од неуспех
Се чувствувате виновни или се срамите од вашите минати избори и грешки
Премногу се грижите што другите ќе мислат за вас
Не верувате во сопствените одлуки
Постојано зборувате негативно за себе и верувате дека тоа е вистина
Се борите да си простите
Постојано се критикувате и сте строги кон себе
Барате надворешна потврда за да се чувствувате прифатено
Се чувствувате вознемирени цело време
Премногу сте чувствителни на критиките на другите
Се плашите од промени и неизвесност
Верувате дека не сте достојни и доволно добри
Тешко примате комплименти.

Повеќе