Три однесувања кои се вообичаени во семејствата, a всушност се токсични

„Комуникацијата без емпатија е многу стресна и токсична. Тоа се случува кога вашите чувства се отфрлаат, вашата перспектива не се зема предвид, а разговорот станува еднонасочна улица“, вели семејната и брачна советничка Тина Феј за Hack Spirit.

574

Има разлика помеѓу она што го гледаме како „нормална“ семејна динамика и она што всушност може да биде токсично однесување кое демне под површината. Често оваа токсична динамика е толку нормализирана што не ни сфаќаме колку може да биде штетна за нашето ментално здравје.

„Психологијата ни укажува на одредени однесувања кои можеби сме ги нормализирале, но всушност се доста токсични. Верувајте ми, нивното препознавање е првиот чекор кон создавање здрави врски”, вели семејната и брачна советничка Тина Феј за Hack Spirit. Таа открива три такви нормализирани семејни динамики кои се прилично токсични.

  1. Отфрлање на непочитувањето
    Лесно е да се занемари ова како безопасен „семеен хумор“, но постојаното омаловажување или отфрлање може да доведе до чувство на несоодветност, ниска самодоверба и да предизвика емоционална вознемиреност, вели Феј.

„Важно е да се спротивставите на таквото однесување, дури и ако се чини дека е нормализирано во семејната динамика. Секој заслужува почит, а тоа почнува такашто вие ја признавате и ја прозивате оваа токсична динамика“, истакнала таа.

Прифаќањето на промените може да изгледа страшно, но тоа е првиот чекор кон преобликување на нашите интеракции кон исполнет живот.

  1. Занемарување на личните граници
    Членовите на семејството често случајно ги преминуваат личните граници, вели советничката.

„Може да биде вашиот брат или сестра кои ги прегледуваат вашите работи без да ве прашаат, или вашите родители донесуваат одлуки наместо вас без ваш придонес. Ова непочитување на личните граници е повеќе од само нарушување на приватноста; тоа е токсична семејна динамика“, предупредува таа и тврди дека разбирањето и почитувањето на личните граници се дел од здравите односи.

„Тоа е ваш живот и имате право да контролирате кој има пристап до вас и како може да комуницира со вас. Не плашете се да ги редефинирате тие граници во вашето семејство. Можеби на почетокот ќе биде непријатно, но верувајте ми, вреди“, советува Феј.

  1. Комуникација без емпатија
    Сите сме имале разговори кога сме се чувствувале нечуени или погрешно разбрани. За жал, тоа често се случува во семејствата, тврди советничката.

„Комуникацијата без емпатија е многу стресна и токсична. Тоа се случува кога вашите чувства се отфрлаат, вашата перспектива не се зема предвид, а разговорот станува еднонасочна улица“, вели таа.

Овој недостаток на емпатија може да доведе до чувство на изолација и да ги поништи нашите емоции. Признавањето на оваа динамика е првиот чекор кон промената. Следно е практикување емпатична комуникација и охрабрување на другите да го сторат истото.

„Можеби се прашувате како да започнете да правите промени. Еден ефикасен метод што ви го препорачувам е пишувањето дневник. Тоа ви помага подобро да ги разберете вашите чувства што, пак, ви помага поефикасно да ги изразувате и резултира со подобри односи“, заклучила Феј.

Повеќе