Тригодишен генијалец растура математика, а го бива и за јазици (ВИДЕО)

Покрај неговите неверојатни математички способности, тригодишниот Изи сака и јазици. Тој често решава математички задачи користејќи римски бројки, а самиот се научил да пишува броеви и на италијански и на француски. Неодамна почнал да учи шпански, а неговата мајка вели дека може да брои на девет различни светски јазици, вклучувајќи го и јапонскиот.

197

Сите сакаме да мислиме дека нашите деца се надарени, но вистината е дека има многу малку кои се вистински генијалци. Еден од нив е несомнено тригодишниот Исаја Гиамфри, попознат како Изи Џи на Инстаграм. На неговиот профил, кој го следат над десет и пол илјади луѓе, неговата мајка редовно објавува видеа на кои јасно се гледа неговата способност со леснотија да решава математички задачи кои би ги ставиле во мисла и повеќето родители.

Неговата мајка вели дека се научил сам. Тригодишното дете кое е по потекло од Гана има навистина неверојатни вештини. Може да пресмета сложено множење, делење, квадрат и се друго што најверојатно би го мачело секој родител, а камоли дете. Но, тој може да се справи со тоа без никакви проблеми. Додека неговите родители очигледно завршиле одлична работа во негувањето и проширувањето на неговите интереси, има многу вештини што тој ги учи самиот во овој момент.
Во едно видео, во кое Изи ги удвојува бројките до 65.000, неговата мајка Јазел, која исто така е и учителка, напишала: „Го слушам како ги учи сите овие нови работи без грешка секој ден во својата соба и си мислам дека јас немаше да знам како да одговорам на нив.

Има страст и за јазиците
Покрај неговите неверојатни математички способности, Изи сака и јазици. Тој често решава математички задачи користејќи римски бројки, а самиот се научил да пишува броеви и на италијански и на француски. Неодамна почнал да учи шпански, а неговата мајка вели дека може да брои на девет различни светски јазици, вклучувајќи го и јапонскиот.

Изи покажува интерес за математиката уште од детството


Генијалноста на Изи не може лесно да се објасни, но неговата мајка за Mirror изјавила дека нејзиниот син почнал да покажува интерес за математика и за сметање на само пет месеци.

„Кога првпат сфати како функционираат одредени обрасци во компјутерите, се беше готово. И денес постојано решава математички задачи, но неговото познавање на математиката го довело до точка да може да разбере што прави и да го примени во ситуации од реалниот живот“, објаснила гордата мајка, а луѓето се воодушевени од неговата способности.

Повеќе