Вашето дете има напад на бес во продавница?Снимајте го за Тик-Ток! Или сепак, немојте…(ВИДЕО)

Австралиска инфлуенсерка си го снима детето додека тоа има напад на бес, а потоа го објавува видеото на Тик-Ток. Мислењата на луѓето околу ова се поделени. Какво е вашето?

120

Инфлуенсерката Скај Витли, која учествувала во австралискиот „Големиот брат“ (Big Brother), се најде на удар на критики откако објави видео во кое нејзиниот мал син има напад на бес додека пазаруваат во супермаркет. Нејзиното најмало дете, момчето Bear, почнува да вреска и да скока додека семејството пазарува. Потоа се фрла на подот и почнува да клоца, а Скај му вели дека ќе го добие она што го сака ако стане.

„Смири се. Дали ќе престанеш да се фрлаш на подот? Стани, те молам“, му вели таа нејзиното двегодишно дете.

Во следниот момент се гледа задоволно и мирно момче како го држи нештото што сакало да го купи.
Корисниците на Тик-Ток жестоко реагирале на целата ситуација. Некои ја фалат затоа што покажува реална слика за родителството, но повеќето ја прозиваат затоа што во таков момент го снима своето дете, а потоа го наградува за недолично однесување.

„Веројатно е лут затоа што му го туркате телефонот в лице“, вели едно лице.
„Замислете дека ве обземаат емоции, а некој ви го вперува телефонот во лице и ве снима затоа што сака да го прикаже „вистинскиот живот““, коментира друго лице.

„Го снимате детето наместо да го смирите, а потоа го поткупувате за да го научите на добро однесување. Сѐ е отидено по ѓаволите“, вели некој трет.

Што мислите вие на оваа тема? Како се справувате со децата во слични ситуации?

@skye.wheatley.waugh

I AM CRYING SCREAMING. the audacity to switch moods that quickly has me baffled 😂😎 #bossbaby #tantrum #noonewasharmedinthemakingofthisvideo

♬ Day 1 – boss dbo fundz
Повеќе