Вашиот син нема леукемија! Педијатрите кажале дека причина за лошата крвна слика е тоа што детето пиело премногу млеко
„Не знаев дека калциумот може да ја потисне апсорпцијата на железо. Хематологот на Џони рече дека повеќето родители не сфаќаат дека премногу млеко може да биде проблем“, вели мајката која се сомневала дека нејзиниот син има аутизам бидејќи секогаш бил лошо расположен и никогаш не изгледал како да е доволно одморен.
„Вашиот син нема леукемија“, била реченицата по која на Лаура Донован ѝ олеснало. Со оваа важна вест ѝ се јавил педијатарот на нејзиниот син. Имено, докторот бил загрижен за бледиот тен на момчето и го испратил на тест на крвта. Резултатите покажале сериозен недостаток на железо.
„Неговото ниво на хемоглобин беше помеѓу 4,5 и 5,6, а нормалниот опсег за двегодишно дете беше од 10,9 до 15. Неговата анемија беше толку тешка што разви придружен срцев шум“, рекла Донован за Инсајдер.
Докторот ѝ кажал дека се сомнева дека за состојбата на момчето е виновна леукемијата. За среќа, проблемот бил во кравјото млеко.
„Џони ја доби првата трансфузија на железо веднаш, а втората и последна трансфузија следната недела. Тој исто така почна да зема додатоци на железо секој втор ден. Многу луѓе не го знаат ова, но премногу млеко може да биде лоша работа. Џони е роден во првата година од пандемијата, па бевме под голем стрес. Тој почна да пие кравјо млеко на една година и никогаш не бараше ништо друго“, се сеќава неговата мајка.
Детето пиело околу еден литар кравјо млеко секој ден, што е многу повеќе од препорачаните 600 милилитри за неговата возраст.
„Не знаев дека калциумот може да ја потисне апсорпцијата на железо. Хематологот на Џони рече дека повеќето родители не сфаќаат дека премногу млеко може да биде проблем“, вели Донован, која се сомневала дека нејзиниот син има аутизам бидејќи тој секогаш бил лошо расположен и никогаш не изгледал како да е доволно одморен.
Момчето се опоравило од срцевиот шум и анемијата по месец и половина лекување.
„Сега има волја и енергија да јаде, им се насмевнува на сите што ќе ги види и штом се разбуди, разговара со своите кадифени играчки – сосема спротивно од претходно, кога ги започнуваше и завршуваше своите денови во солзи. Првпат во неговиот краток живот чувствувам како да го запознавам вистинскиот Џони“, заклучила таа.