Во Америка чини околу 50.000 долари, во Финска им плаќаат на жените за да родат
„Во Финска ни плаќаат за да родиме“, „Во Грција не само што не треба ништо да платите, туку добивате 2000 евра на подарок“, „Во Бугарија ова би чинело околу 1000 евра“, „Во Норвешка родив четири деца и требаше да платам само 40 евра за паркирање“, се дел од коментарите на жени од разни страни на светот
Американка од генерацијата З (зумери) неодамна ја објавила на Тик-Ток сметката од своето породување кое поминало без никакви компликации и посебни барања.
Таа вели дека не се породила со царски рез, а сметката од болницата сепак ја шокирала.
Жената ја објавила фактурата во која открила дека болницата ѝ наплатила 51.383 долари (47.259,51 евра) за услугите.
Најскапата ставка на сметката била цената на родилната сала, која била наплатена 20.395 долари (18.758,30 евра), додека за собата во која била сместена по породувањето морала да плати 17.760 долари (16.334,76 евра).
На сметката се истакнати сите останати ставки вклучени во вкупната цена, како што се лекови, лабораториски тестови и епидурална анестезија. Мајката не открива дали плаќа здравствено осигурување и колку од сметката покрило тоа.
Видеото собрало 16,8 милиони прегледи, а сумата шокирала многумина.
Голем дел од коментарите се други искуства за тоа колку чини породувањето во нивните земји.
„Во Финска ни плаќаат да се пораѓаме“, „Во Грција не само што не треба ништо да платите, туку добивате 2000 евра на подарок“, „Во Бугарија ова би чинело околу 1000 евра“, „Во Норвешка родив четири деца и требаше да платам само 40 евра за паркирање Плаќаме меѓу 26 и 34 проценти данок, но нашите деца имаат бесплатно образование и добиваат лаптопи и ајподи на училиште“, „Во Британија е бесплатно“.
„Во Франција е бесплатно и уште ти даваат пари“, „Живеам во Унгарија, се породив бесплатно и купив куќа за помалку од сумата на вашата сметка. Ова е лудост“, се дел од илјадниците коментари.
Какви се вашите искуства од породувањето во Македонија?