Жена ја покажала својата верзија на мирно родителство: Тајм-ин, наместо тајмаут (ВИДЕО)

Наместо да го казните детето за некоја грешка, со изолација, односно, да го испратите во соба, пробајте го методот на оваа мајка

586

Во видео на ТикТок објавено минатиот месец, мајка по име Дестини Ен споделува како таа комуницира со својата ќерка кога таа се однесува лошо. „Не користам тајм-аут“, објаснува таа во описот над видеото. „Значи, ова е пример за тајм-ин. Фи фрлаше маркери кон нејзината сестра, но јас не ја испратив на пауза (тајм-аут), отидовме да се смириме заедно (тајм-ин).

Во текот на видеото, Ен ја држи својата ќерка повторувајќи ја секоја фраза што ја изговори нејзината мајка. „Ова е мојата уста“, му вели таа на своето дете. „Ја контролирам устата. Ова се моите раце. Ги контролирам рацете. Ова е моето тело. Јас го контролирам моето тело“. Кога нејзината ќерка конечно ќе се смири, Ен користи други форми на „дисциплина соодветна на возраста“, која вклучува песни или приказни.

Поврзување и мирно родителство

„Запомнете дека вистинската самоконтрола се развива преку сигурни врски и со моделирање, а не со изолација“, продолжува таа во видеото.

Ова видео досега има над 816.000 прегледи, а корисниците во коментарите ѝ честитаат на Ен за нејзините родителски вештини.

Корисниците пишуваа и за тоа колку сакаат да комуницираат со своите деца како што тоа го прави Ен и како тоа е форма на нежно родителство кое се фокусира на негување на квалитетите што секој ги сака кај своето дете и користење на дисциплина соодветна на возраста.

@destini.ann

This is my mouth! These are my hands. ❤️

♬ original sound – Destini Ann

Таа ги воспитува децата без да ги принудува да се извинуваат

Неколку дена подоцна, Ен сподели придружно видео, одговарајќи на коментар во кој ја прашуваат дали нејзината ќерка се извинила или презела одговорност за удирањето на нејзината сестра. Видеото започнува со тоа што Ен ја става ќерка си во скут и ѝ ја раскажува приказната за тоа како Фи ги повредила чувствата на својата сестра.

Не ги терам да се извинат, ги учам на одговорност“, стои во текстот над видеото. „Раскажувањето приказни е одлична алатка за учење.

@destini.ann

Reply to @sadiespeed here’s a little “sorry” for you all lol.

♬ original sound – Destini Ann
Повеќе