Животот без деца како посебно движење: „Child-free“ и неговите заложби

Изборот на живот „без деца“ прераснува во еден вид движење коешто се распространува, со идеја – поотворено да се зборува за тоа и да нема предрасуди кон луѓето кои го направиле тој избор.

401

Марсела Муњоз, малостопанственичка од Канзас (САД), која на својот интернет-простор се потпишува како „Childfree Millennial“ (милениумка без деца), е еднa од оние кои сакаат да објаснат зошто избрале живот без деца и на некој начин ја шират таа идеја.

Иако одлуката да се нема деца не е ништо ново, тој избор на живот „без деца“ прераснува во еден вид движење, означено со придавката „child-free“, коешто се распространува, со идеја – поотворено да се зборува за тоа и да нема предрасуди кон луѓето кои го направиле тој избор. Има и сѐ повеќе интернет-заедници и групи за поддршка коишто ги дефинираат своите членови како луѓе кои свесно избрале и одлучиле да немаат деца.

„На прашањето зошто немам деца, првиот одговор што секогаш го давам е – затоа што не сакам да имам деца… Не можам да ви кажам колку пати пријателите кои имаат деца ми рекле „О Боже, синоќа спиев само два часа, моите деца повраќаа и морав да се грижам за сѐ“. Тоа не ми е нималку примамливо“, вели Муњоз.

Таа верува дека децата би ја спречиле да ужива во нејзините страсти – спонтани патувања, фудбалски тренинзи и „редовно“ лежење в кревет. Во една нејзина неодамнешна објава, таа се пошегува: 

„Ако копнеете по дете, дремнете. Ако уживавте во таа дремка, немојте да имате деца!“

Поимот „child-free“ (‘без деца’ или ‘ослободени од деца’) постои од почетокот на 20. век, но дури во 1970-тите, феминистките почнале да го користат во поширок контекст, за тој да се однесува на жените кои избираат да немаат деца. Наставката „free“ е наменски одбрана за да се укаже на „слободата“ и животот без обврски, што го чувствуваат токму луѓето кои свесно одлучиле да немаат свои деца. 

Повеќе