Зошто бебето не може само да заспие?

Кога возрасен човек влегува во циклус на лесен сон, можеби накратко се буди, но со оглед на тоа што е возрасен и одамна ги усовршил тие вештини, тој релативно лесно се враќа во нов циклус. Бебето, од друга страна, допрва учи да ги поврзува циклусите на спиење за да спие подолго и помирно.

110

Многумина новопечени родители го слушнале советот: спуштете го вашето бебе да спие додека е поспано, но сѐ уште будно… Меѓутоа, во реалноста тоа не е баш така и на некои родители не им се допаѓа овој начин, бидејќи штом бебето се стави во креветчето, тоа обично почнува да плаче.

Зошто е тоа така?

Според истражувачите и медицинските работници, секое семејство си има свои правила, а природниот темперамент, возраста и исхраната на бебето се меѓу многуте фактори што влијаат на нивниот сон. Бебињата често ги менуваат своите „шеми“ на спиење, па може и да им треба одредено време да научат да заспиваат самостојно.

Опкружувањето на бебето, исто така, влијае на нивниот сон – браќата и сестрите, бучавата, активностите од тој ден и расположението може да играат улога.

Спиењето се случува во циклуси. Луѓето одат в кревет будни, паѓаат во лесен сон, па во длабок сон, па се будат итн. За возрасните, еден циклус трае околу 90 минути. За бебињата и децата, тоа е покусо за половина.

Кога возрасен човек влегува во циклус на лесен сон, можеби накратко се буди, но со оглед на тоа што е возрасен и одамна ги усовршил тие вештини, тој релативно лесно се враќа во нов циклус. Бебето, од друга страна, допрва учи да ги поврзува циклусите на спиење за да спие подолго и помирно.

Така, првите шест месеци бебињата ноќе се будат релативно често – заради хранењето. Тука некаде, заспивањето веќе вклучува и асоцијации, во облик на познати и воспоставени „рутини“ што се повторуваат пред спиење и можат да го подготват бебето за помирен сон во животот натаму.

Повеќе