Зошто папочната врвца е толку чудесна? Која е предноста на одложеното сечење на последната спона меѓу мајката и бебето?

Дека папочната врвца е многу повеќе од дел што го поврзува фетусот со плацентата, покажува и неверојатната фотографија што ја сподели една дула

11.706

Дали знаевте дека нормалната папочна врвца има три крвни садови?

Две артерии и една вена.

Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ која носи хранливи материи до нивното бебе.

Но, од фотографијата што ја споделила дулата Кајла Хедфилд на нејзината страница Intricately Woven Birth Services, јасно можеме да видиме дека папочната врвца е многу посложена од тоа!

Вената носи оксигенирана крв, богата со хранливи материи до фетусот и двете артерии, низ кои тече деоксигенирана крв, како и отпадни производи (како јаглерод диоксид) низ плацентата и во вашиот крвоток за да се исфрлат.

Папочната врвца влегува во фетусот преку абдоменот, на местото каде што ќе се формира папокот по одвојувањето.

Внатре, во плодот, папочната вена оди понатаму кон портата на црниот дроб (порта хепатис), каде што се разгранува на две гранки.

Една од овие гранки се спојува со портата на црниот дроб, која носи крв до црниот дроб.

Другата гранка (позната како дуктус венозус) го заобиколува црниот дроб и се влева во долната шуплива вена, која носи крв до срцето.

Двете белодробни артерии се разгрануваат од внатрешната илијачна артерија и одат од двете страни на мочниот меур до папочната врвца и на крајот до плацентата.

По породувањето, овие вени сами се затвораат.

Артериите прво се затвораат со мускулите со кои се опкружени, а потоа папочната вена се затвора за да се врати оксигенираната крв од плацентата до бебето.

При раѓањето, плацентата содржи една третина од тежината на бебето, а одложувањето на сечењето на папочната врвца за неколку минути овозможува крвта да се пренесе преку папочната вена на бебето.

Предности на одложеното сечење на папочната врвца

Акушерката Ерика Спириќ од хрватското здружение за промоција на акушерството ги објаснува предностите на одложеното сечење на врвцата: „По раѓањето на детето, папочната врвца продолжува да пулсира.

Времето кое е потребно за папочната врвца да престане да пулсира варира од личност до личност, и може да трае повеќе од пет минути.

Неисечената папочна врвца му обезбедува на детето дополнителен кислород додека срцето и белите дробови се прилагодуваат на промената во дишењето, во споредба со водната средина преку која добивало храна од мајчиниот крвоток, на средината во која белите дробови мора да се прошират и да почнат да дишат.

Додека папочната врвца сè уште пулсира, новороденчето треба да биде на стомакот на мајката или во нејзината прегратка додека и двајцата ги претрпуваат најголемите промени во нивниот живот.

Сѐ додека не се пресече папочната врвца, таа е последната врска помеѓу телото на мајката и детето.

Физиолошки, прво што треба да се случи е раѓањето, па контактот на мајката со детето, па дури потоа породувањето на плацентата.

Раното стегање на папочната врвца (од 0-30 секунди) го остава новороденчето без 54-160 мл крв, а зголемен е и ризикот од анемија во детството.

Ако папочната врвца се стега подоцна (од 4 минути додека не престане пулсирањето), доаѓа до трансфузија на крв кон детето со создавање на резерви од околу 50 мг железо, што спречува подоцнежна анемија.

Повеќе