10 знаци дека ве одгледале емоционално незрели родители

Многу спроведени истражувања покажале дека растењето со емоционално незрел родител остава негативни последици по здравјето на детето, најмногу психички и му го оневозможува нормалното растење.

2.593

Растењето со емоционално незрели родители може да доведе до бројни негативни последици за детето, а најмногу до осамено и емотивно запоставено детство, што може да влијае врз него и во зрелоста.

Клиничкиот психолог и автор на многу книги на оваа тема, Линдзи Гибсон, откри 10 знаци кои укажуваат на тоа дека сте одгледани од емотивно незрели родители, пренесува Well Doing.

  1. Со нив често сте се чувствувале осамено
  2. Во повеќето случаи комуникацијата меѓу вас била еднонасочна или ја немало
  3. Сте се чувствувале „заробено“ и безнадежно
  4. Нивните потреби и интереси секогаш биле на прво место
  5. Не покажувале емоции или блискост во контактот со вас
  6. Често дозволувале нивните чувства да влијаат на нивното однесување
  7. Не ги почитувале вашите граници ниту се грижеле за тоа што сте сакале или не
  8. Никогаш не ви било дозволено да го изразите своето мислење или да ги покажете своите емоции
  9. Знаеле да се однесуваат грубо кон вас
  10. Никогаш не зборувале за своите проблеми ниту ве прашувале за вашите

Секој од овие знаци, објаснува Гибсон, открива дека вашиот родител бил емотивно незрел и ги „префрлал“ своите проблеми врз вас, како и чувството на вина и сите други работи што ниедно дете не треба да ги доживее.

Имено, многу спроведени истражувања покажале дека растењето со емоционално незрел родител остава негативни последици по здравјето на детето, најмногу психички и му го оневозможува нормалното растење. Овие деца често не можат да им ги изразат своите желби на своите родители, не смеат да кажат „не“, а родителите обично од нив очекуваат совршенство.

Постојано се под притисок, а некои студии дури покажуваат дека децата кои имаат емоционално незрели родители се повеќе склони кон депресија и анксиозност. Имено, однесувањето на нивните родители влијае на нивните односи со пријателите, наставниците, но и на нивните односи со сопствените деца откако тие самите ќе станат родители.

Повеќе