49-годишна Македонка стана мајка

По долга борба со неплодност 49-годишна жена стана мајка на малиот Божидар. Убавата вест стаса од битолската болница „Плодност“

599

„Господ ѝ го донесе божјиот дар Божидар на 49-годишна пациентка“, жена од Македонија стана мајка за првпат по неколку неуспешни ин витро оплодувања.

Соништата се остваруваат, само ако сме истрајни, а за тоа e доказ уште жена од Македонија која за првпат стана мајка на 49 години.

Таа не се откажа од својата битка да се реализира во улогата на мајка и сега го доби синот Божидар.

Од болницата, каде што е направено ин витро оплодувањето објавија:

„Господ ѝ го донесе божјиот дар Божидар на 49-годишна пациентка

По пат на ин витро оплодување, во болницата Плодност беше зачнат Божидар. Пациентката има 49 години и долго време се бореше со неплодност. Направила претходно неколку ин витро оплодувања, но неуспешни, на друго место.

Оваа наша успешна приказна е уште една бременост и породување на прворотка која има 49 години.

Породувањето беше направено со царски рез, а пациентката одлично ја поднесе бременоста со оглед на возраста.“

Повеќе