Зошто брачните парови во Јапонија спијат одвоено?

Дали и вие спиете одвоено од вашиот животен партнер? Што мислите, дали оваа практика може да биде корисна за вашата врска?

156

Многу јапонски парови продолжуваат да спијат одделно, во посебни кревети или дури и соби и покрај тоа што живеат во помали домови. Ова е нешто што тие мислат дека е корисно за нив, а не меѓучовечки проблем или проблематична врска.

Ги откриваме причините зошто јапонските брачни парови одлучуваат да спијат одвоено.

Имаат различни распореди за спиење.

Една од основните причини зошто јапонските парови избираат да спијат одвоено се различните работни распореди. Доцното доаѓање дома или раното заминување може да го наруши одморот на другиот брачен партнер, па затоа често е покорисно и за двајцата да спијат во посебни соби. Овој аранжман му овозможува на секој да ужива непречено и да има поздрав сон.

Бебињата спијат со мајките.

Таткото мора да избере дали ќе го дели истиот кревет или ќе се пресели во друга соба, бидејќи во Јапонија е многу почитувано правилото мајките да спијат со своите деца.

Според научните истражувања, заедничкото спиење може да им помогне на родителите и на децата да спијат подобро. Го намалува ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчињата, а исто така му помага на детето да одржува стабилна срцева фрекфенција и температура. И двете работи се исклучително важни за време на детството.

Дополнително, ова им помага на младите да се снаоѓаат добро на училиште, побрзо да се осамостојат и да имаат поголема самодоверба.

За нив спиењето одвоено значи мир.
Додека многу парови кои почнуваат да спијат сами мислат дека разводот им е на врата, Јапонците на тоа гледаат поинаку.

Тие многу го ценат својот сон и не сакаат да бидат вознемирени додека спијат. Ова значи дека тие не треба и не сакаат да поднесуваат ‘рчење, немирен сон, клоцање итн. .

Паровите имаат историја на одвоено спиење.

Футоните, исполнети со памук, нудат и поддршка и удобност. Традиционално, за спиење се користеле само футони со една големина, што значело дека гушкањето со партнерот често остава еден од партнерите на студениот под, што доведува до непријатност.

Во денешно време, многу семејства сè уште го претпочитаат овој стил на постелнина бидејќи е ефикасен за просторот и лесен за складирање.

    Дали вие спиете одвоено од партнерот? Што мислите, дали оваа практика може да биде корисна за вашата врска?

    Повеќе