Дали и вам прстите ви мрзнат и кога е топло? Нашата соговорничка со Рејноов синдром, си го нашла лекот

Нашата соговорничка Магдалена Ковачевска, по прегледот кај ајурведски лекар, слушајќи ги неговите совети за промена на начинот на исхрана и воопшто, на начинот на живот, успеала да го реши својот голем здравствен проблем со кој мака мачела цели 12 години.

506

На сите одвреме-навреме толку ни е ладно што не ги чувствуваме прстите на рацете и нозете. Секако, тоа кај 95 проценти од луѓето се случува во зима, кога е времето ладно, но, околу 5 проценти од населението, вклучувајќи ја и нашата соговорничка, страда од многу поинтензивна верзија на овој проблем. На Магдалена Ковачевска дури и најмалото заладување можело да ѝ предизвика наеднаш да го изгуби чувството во прстите на рацете, а понекогаш и во прстите на нозете, со часови.

Дури и кратка прошетка во зима или пак во лето, после престој во климатизирана просторија, можела да заврши со вкочанети прсти што ја менувале бојата, а кога ќе се врателе во нормална состојба, тогаш  почнувале да болат и да трнат.

Ѝ бил дијагностициран Рејноов синдром, непријатна, а понекогаш и многу болна васкуларна болест.

Што е Рејноовиот синдром?

Рејноовиот синдром, понекогаш наречен Рејноова болест или Рејноов феномен, е васкуларна болест која се јавува кога е студено, дури и во лето, во многу климатизирани простории или како одговор на стрес. Малите артерии кои носат крв до екстремитетите почнуваат да се стеснуваат.

Типичните промени се доста драматични и вклучуваат промена на бојата на прстите, а понекогаш и на стапалата кои стануваат бели и сини.

„Со мојата состојба се соочив пред 12 години, после доживеана стресна состојба. Во почетокот не обрнував многу внимание на мојата состојба, иако постојано имав вкочанети и шарени прсти на дланките (во три бои, црвени, бели, модри) и болки. После две години се обратив кај доктор на Ревматологија, каде што ми направија безброј испитувања и ми констатираа дијагноза: Raynaud’s phenomenon“, се потсетува Магдалена.

Терапијата што ѝ ја препишале во почетокот тешко ја поднесувала, па по кратко време ја прекинала и продолжила со природни препарати кои ги нашла на Интернет.

Бидејќи немало подобрување, повторно се обратила кај докторка на Ревматологија која после направените испитувања ја известила дека има уште една непотврдена автоимуна дијагноза, која таа не ја прифатило, ниту пак се исплашила, но добила поинаква терапија од претходно и почувствувала многу мало подобрување,

Сепак, на ладно време повторно имала болки и вкочанетост на дланките.

Промена на начинот на исхрана и преглед кај ајурведски лекар

„Во меѓувреме, сама осетив дека кога консумирам млечни и месни производи дланките ми отекуваат и ме болат. Го сменив делумно начинот на исхрана, но сѐ уште имав проблеми. Од мала настинка завршив на Клиника за кардиологија со дијагноза перикардит, кој го излекував за еден месец.

Пред една и пол година благодарение на мојот помал син, се запознав со Ајурведата. По консултацијата на син ми за мојата состојба, ја испратив мојата дијагноза во Ајурведа Македонија, кај господин Горан Поповски“, ни открива нашата соговорничка.

Инаку, Ајурведа Македонија е лидер на Балканот во областа на ајурведската медицина, природниот начин на лечење, козметика и другите здрави навики. Основана е пред 15 години од група ентузијасти за денес да прерасне во една од водечките во овие области. Тие соработуваат и со реномиран ајурведски лекар од Индија, доктор Авишек Мишра.

„Откако ја испратив дијагнозата, по консултација со д-р Авишек, без претходно извршен преглед, ми беше препорачано да почнам со природна терапија само со еден производ, три пати на ден. Без размислување ги набавив, редовно ги пиев и отидов на закажан преглед по 3 месеци.

Прегледот траеше многу кратко и се одвиваше преку пулсотерапија, после која д-р Авишек ми ја објасни и точно ја погоди мојата состојба и сѐ што јас чувствувам сите овие години и ми кажа дека може да ми помогне затоа што сите таблети и природни витамини и препарати кои сум ги примала воопшто не ми делувале како што треба. Истовремено, ми препорача што смеам, а што не смеам да јадам и да консумирам и ми препорача низа јога вежби и позиции, како и самомасажа на тело повремено и самомасажа на стапала секој вечер пред спиење, со масло од шафран. Ми дополни уште два различни суплементи да ги пијам три пати на ден и повторно да се јавам на контрола за три месеци.

Целосно се придржував на препораките дадени од докторот и на контролата после три месеци ми ја намали терапијата на половина. После дополнителни три месеци отидов на контрола и докторот ми рече дека мојата состојба е целосно излечена и дека повеќе нема потреба да го примам едниот препарат со кој ја започнав терапијата.

Добив препорака да продолжам со начинот на исхрана, масажа, вежби,  техника за дишење и јога позиции и природни суплементи за одржување на имунитет. Бојата на прстите на дланките ми е сега нормална и природна“, завршува Магдалена.

Повеќе за Ајурведата

Инаку, Ајурведата е древен традиционален начин на лекување, а според информациите на страната на Ајурведа Македонија, таа дава најточни информации за психо-физичката состојба на една личност и ги има одговорите за сите болести. За сето ова е потребен преглед со Пулсова дијагностика. Тоа е древна Ајурведска наука за дијагностицирање на болестите и нивно лекување. Пулсовата дијагностика е едноставен преглед со кој се откриваат скриени физички и ментални болести, предиспозиции на нашето тело, нивно навремено спречување, а третманите се базираат на употреба на хербални лекови.

Повеќе