Што може да направи едно пијанство во младоста?

Делувањето на алкохолот врз мозокот е многу големо, па и повремената употреба на алкохол може да стане основа на зависноста од алкохол

433

Делувањето на ефектот врз мозокот бил предмет на интерес на истражувачкиот тим, кој дошол до заклучок дека дури и повременото консумирање на жестоки пијалаци може да стане основа за зависност од алкохол. Тим од универзитетите во Келн, Манхајм и Хајделберг открива дека дури и еднократната примена на алкохол трајно ја менува морфологијата на невроните.

Делување на алкохолот врз мозокот и структура на синапсите

Алкохолот влијае на структурата на синапсите и на динамиката на митохондриите.

Користејќи го системот на генетскиот модел на мушичката Drosophila melanogaster, професорот д-р Хенрик Шолц и членовите на неговиот тим воочиле промени во миграцијата на митохондриите во синапсите. Студијата е објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

Алкохолот и хипокампусот

Кои промени се регистрираат во мозокот, кога личноста која повремено користи алкохолни пијалаци, ќе почне да злоупотребува алкохол, е прашањето на кое се обидел да одговори истражувачкиот тим. Досега, повеќето истражувања ги проучувале ефектите од хроничното консумирање алкохол на хипокампусот, делот од мозокот каде што се формира меморијата. Хипокампусот е одговорен и за краткорочна и за долгорочна меморија, за инхибиција на однесувањето и за ориентација во просторот.

„Има малку сознанија за акутните невронски интеракции на критичните фактори на ризик, како што е првата интоксикација со алкохол на рана возраст“, смета Солц.

Молекуларни промени зависни од етанолот

Целта на тимот од експерти била да открие молекуларни промени зависни од етанолот, што може да бидат основа на клеточна измена после една акутна интоксикација со етанол. Проучени се промените на молекуларно, клеточно и бихејвиорално ниво.

Работната хипотеза била дека, слично како што помнењето се формира после една научена лекција, дури и само една примена на етанол може да создаде позитивна врска со алкохолот.
Оваа хипотеза била тестирана на моделите на овошни мушички и глувци и било заклучено дека промените предизвикани од етанол влијаат на митохондријалната динамика и рамнотежа помеѓу синапсите.

Ефекти на алкохолот врз мозокот и трајни промени

Митохондриите ги снабдуваат клетките и особено нервните клетки со енергија. За да може енергијата на најдобар начин да стигне до клетките, митохондриите се движат. Забележано е дека движењето на митохондриите е под влијание на етанолот, како резултат на што се нарушува хемиската рамнотежа помеѓу поединечните синапси. Се верува дека овие промени се од трајна природа, што е потврдено со експерименти на глувци и овошни мушички. Се наведува дека како резултат на овие промени, подоцна во животот е можна зголемена консумација на алкохол.

Првото големо пијанство е виновникот за зависноста

Морфолошкото ремоделирање на невроните е добро позната основа на учењето и помнењето, се смета дека некои од воочените морфолошки промени можат да влијаат и на формирањето на меморија која се доведува во врска со етанолот. Истражувачите сметаат дека овие клеточни промени кои зависат од присуството на етанол би можеле да бидат виновници за развој на зависност.

„Овие механизми може да бидат релевантни дури и кога станува збор за првата интоксикација со алкохол во раната животна возраст кај луѓето, која би можела да биде критичен фактор на ризик за подоцнежна интоксикација со алкохол и развој на алкохолизам“, објаснил професорот Солц.

Повеќе