И да врне и да вее….Бебињата во Данска спијат надвор (ВИДЕО)

Се вели дека свежиот воздух ги одржува бебињата здрави и им помага подобро да спијат. Дремењето на бебињата во количките во скандинавските земји е дозволено во сите временски услови.

235

Дали би го оставиле вашето бебе да спие надвор? Во скандинавските земји ова е вообичаена појава. Родителите често влегуваат во кафулињата и уживаат во топол пијалак додека количките со заспаните бебиња ги оставаат надвор. Токму ова е сценариото прикажано во виралното видео на една мајка објавено на TikTok. Корисникот @annieineventyrland објаснува дека е вообичаено бебињата во Данска да спијат надвор без оглед на времето. Ова е и препорака на медицинските сестри и акушерките во таа земја.

„Се вели дека свежиот воздух ги одржува бебињата здрави и им помага подобро да спијат. Дремењето на бебињата во количките е дозволено во сите временски услови“, вели таа.

Најчесто, количките се покриени, а во нив се наоѓаат монитори за да можат родителите да проверат дали децата се разбудиле.

Иако на многумина им е чудно што мајките во Данска слободно го оставаат своето бебе надвор додека се во продавница, или ако врне и нема кој да ја надгледува количката, оваа мајка на четири деца од Данска објаснува:

„Овде не се киднапираат бебиња затоа што никој не сака да одговара за туѓо дете. Нашиот здравствен систем прави сѐ за да им помогне на сите што сакаат да имаат дете да го направат тоа без никакви дополнителни трошоци“.

Можеби токму тоа е тајната на среќата. Имено, според World Happiness Report, жителите на таа скандинавска земја се меѓу најсреќните во светот. Граѓаните генерално имаат голема доверба еден во друг и стапката на криминал е ниска.

Иако нема многу студии за придобивките и опасностите од спиењето на децата на свеж воздух, родителите чии бебиња често спијат на отворено тврдат дека забележале позитивни резултати. Тие наведуваат дека нивните деца имаат посилен имунитет и спијат подолго.

Повеќе