Во Индија е родено девојче кое во стомакот ги носело своите близнаци

Во случај на fetus in fetu, доминантниот фетус расте, додека другите живеат во него. Оние кои се заробени можат да живеат и да растат во стомакот со години како паразити, додека не станат толку големи што не почнат да му штетат на својот домаќин. Ова му се случило на ова бебе.

1.504

Лекарите во Индија останале запрепастени откако извадиле осум ембриони од девојче старо само 21 ден, што е најголемиот број на ембриони некогаш пронајдени кај новороденче. Како што пренесува Њујорк Пост, несекојдневната појава се случила на 10 октомври откако во приватна болница во областа Рамгар во државата Џарканд се родило бебе со ненормално отечен стомак.

Отпрвин, родителите на девојчето биле загрижени дека израстокот всушност е тумор, а првичната дијагноза, која изгледала како точна, била поткрепена дури и со томографија. Меѓутоа, откако девојчето било префрлено во Rani Children Hospital and Research Centre каде што тимот предводен од д-р Мохамед Имран открил дека причината за тоа е нешто побизарно.

Имено, се покажало дека новороденото девојче има феномен познат како fetus in fetu што е форма на малформација слична на онаа на споени близнаци. Тоа се случува само еднаш на околу 500.000 родени бебиња, а се случува на самиот почеток на бременоста кога јајце клетката од одредена причина не успева целосно да се подели на два дела, од кои би се развиле два идентични близнаци.

Во случај на fetus in fetu, доминантниот фетус расте, додека другите живеат во него. Оние кои се заробени можат да живеат и да растат во стомакот со години како паразити, додека не станат толку големи што не почнат да му штетат на својот домаќин. Ова му се случило на ова бебе.

Но, случајот е особено уникатен затоа што новороденчето носело рекордни осум неразвиени фетуси во абдоминалната празнина, за што лекарите тврдат дека е најголемиот број на ембриони забележани досега. Откако девојчето го држеле 21 ден под опсервација, лекарите успеале да ги извадат сите ембриони, а девојчето добро закрепнува по операцијата.

Повеќе