Не зборувај со непознати?! Наместо на ова старо правило, една мајка ги учи децата на нешто друго
„Работата е во тоа што децата најчесто се малтретирани или повредени од луѓе што ги познаваат, без разлика дали се работи за близок член на семејството или познаник, многу ретко се работи за странец. И затоа сакам моите деца да знаат да препознаат опасно однесување. Ако некој им каже да чуваат тајна што не можат да им ја кажат на родителите или ги повика да одат некаде без нас, тоа е нешто за што ги предупредуваме нашите деца“, вели оваа мајка на пет ќерки
Родителството подразбира донесување многу одлуки за децата и начинот на кој ги воспитуваме. Некои од овие одлуки понекогаш може да се сметаат за контроверзни од луѓето околу нас, па затоа често ги задржуваме за себе. Но, тоа не е случај со мајките како Марсија Вејлен, која не се воздржува да ги сподели своите понекогаш не толку популарни мислења на социјалните мрежи. Со неодамнешната објава на TikTok, оваа мајка на пет ќерки открива зошто не ги учи своите деца дека е опасно да се разговара со непознати.
„Јас и мојот сопруг не ги учиме нашите девојчиња дека странците се опасни. Иако ова може да има смисла и разбирам од каде доаѓа, имено, родителите се обидуваат да ги заштитат своите деца, да ги чуваат… Меѓутоа, ние веруваме дека повеќето луѓе околу нас се добри и сакаме нашите девојчиња да бидат отворени, да разговараат со луѓе и да бидат љубезни кон сите околу нив. И затоа наместо да ги учиме за опасни странци, ние им кажуваме за опасно однесување“, објаснува Марси.
„Работата е во тоа што децата најчесто се малтретирани или повредени од луѓе што ги познаваат, без разлика дали се работи за близок член на семејството или познаник, многу ретко се работи за странец. И затоа сакам моите деца да знаат да препознаат опасно однесување. Ако некој им каже да чуваат тајна што не можат да им ја кажат на родителите или ги повика да одат некаде без нас, тоа е нешто за што ги предупредуваме нашите деца.
Моите девојчиња многу добро знаат кои работи треба да им бидат сомнителни, без разлика дали се работи за некој што многу добро го познаваат или некој што воопшто не го познаваат. Одредени работи се категоризираат како опасно однесување и тоа е главниот знак дека нешто не е во ред“, заклучува таа во видеото..
Нејзиното објаснување ги воодушеви останатите родители
Со оглед на тоа дека советот „не разговарај со непознати луѓе“ се користи речиси во секое воспитување уште од многу одамна, можеби ќе помислите дека пристапот на оваа мајка предизвика негативни реакции на социјалните мрежи. Напротив, повеќето родители биле импресионирани.
„Те разбирам целосно, никогаш не сум гледал на тоа од овој агол. Уште од најраното детство ги учиме децата да не им веруваат на луѓето и да се плашат од сите. Ова има многу смисла затоа што понекогаш можеби ќе им треба помош од странец и на тој начин најдобро ќе знаат како да останат безбедни“, коментира една мајка.
„Како детски терапевт, целосно го поддржувам вашиот пристап и мислам дека брилијантно размислувате, вашите деца имаат одлична мајка“, е уште еден од многуте позитивни коментари.