Колку е лесно да се задуши бебето: Застрашувачко видео покажува зошто никогаш не треба да ставаме ништо во креветчето
Видеото кое е објавено како апел до родителите, го прикажува моментот во кој неколкумесечно бебе си го навлекува ќебенцето на лицето и претајќи да се ослободи се завиткува сѐ повеќе во него и почнува да се гуши.
Експертите постојано ги предупредуваат родителите да не ставаат ништо во креветчето на бебето, како ни во количката, бидејќи постои опасност од задушување. Сепак, повеќето родители сè уште ги игнорираат нивните совети кои понекогаш може да завршат трагично.
На ТикТок профилот наречен @safesleepabc е објавено шокантно видео кое покажува зошто никогаш не треба да оставаме ништо во креветчињата на бебињата.
Видеото кое е објавено како апел до родителите, го прикажува моментот во кој неколкумесечно бебе си го навлекува ќебенцето на лицето и претајќи да се ослободи се завиткува сѐ повеќе во него и почнува да се гуши.
Иако се обидувало да излезе, бебето не можело да го извади ќебенцето од главата и животот му бил во опасност. За среќа мајката реагирала на време и го спасила бебето од сигурно задушување.