Оваа грешка ја прават многумина, а се смета за најголем родителски грев

Најголемата трагедија за детето е да биде одбиено поради неговата автентичност и да се прилагоди на онаа верзија што им се допаѓа на неговите родители.

2.175


Од детство живееме во конкурентна средина. Децата го споредуваат својот физички изглед, семејниот статус, училишните оценки и многу повеќе. И родителите често забележуваат разлики помеѓу нивното дете и другите деца. Можеби поради ова ќе му дофрлат нешто на детето и ќе мислат дека тоа ќе го поттикне да се подобри, но тоа понекогаш може да има негативни ефекти. Еве неколку причини зошто не треба да го споредуваме нашето дете со другите.

Го поттикнува чувството на инфериорност
Според претприемачката Меган Чопра, споредувањето на децата сериозно ја оштетува самодовербата на детето и го поттикнува детето да се чувствува инфериорно во однос на другите.

Ја уништува самодовербата
Децата ја сфаќаат критиката на своето семејство многу лично. Можеби мислат дека нешто не е во ред со нив, особено ако постојано се потсетуваат дека не се доволно добри во споредба со другите деца.

Може да предизвика анксиозност
Анксиозните растројства се чести кај децата кои се подложени на споредување. Мотивацијата на детето е поткопана, а нивото на стрес и анксиозност растат кога се споредуваат со врсниците.

Кај детето се јавува чувство на непожелност
Најголемата трагедија за детето е да биде одбиено поради неговата автентичност и да се прилагоди на онаа верзија што им се допаѓа на неговите родители. Отфрлањето на нежна возраст, што можеби го правите несвесно, е многу проблематично за менталното здравје на најмалите.

Повеќе