Во Британија е родено прво бебе со тројца родители
Процедурата позната како митохондријална терапија за донирање (МДТ), ткиво од јајце клетки на здрави женски донатори се користи за да се создаде ембрион без опасни мутации кои мајките би можеле да им ги пренесат на своите деца, пишува Гардијан.
Првото бебе создадено со ДНК на три лица е родено во Британија, откако лекарите спроведоа револуционерна процедура за ИВФ чија цел беше да се спречи наследување на неизлечива болест. Во техниката, позната како митохондријална терапија за донирање (МДТ), ткиво од јајце клетки на здрави женски донатори се користи за да се создаде ембрион без опасни мутации кои мајките би можеле да им ги пренесат на своите деца, пишува Гардијан.
Бидејќи спермата и јајце клетките на биолошките родители се комбинирани во ембрионот со митохондриите од јајце клетката на донаторот, добиеното бебе има ДНК на мајката и таткото, плус мала количина генетски материјал (околу 37 гени) од трето лице.
Истражувањето за MDT, кое е познато и како митохондријална заместителна терапија (MRT), беше започнато во Обединетото Кралство од страна на лекарите во Центарот за плодност во Њукасл. Научниците сакале да им помогнат на жените со мутирани митохондрии да имаат деца кои нема да ги наследат генетските мутации.
Имајќи предвид дека сите наши митохондрии ги наследуваме од нашата мајка, штетните мутации можат да влијаат на здравјето на децата. Некои бебиња можат да се родат здрави бидејќи наследиле само мал дел од мутираните митохондрии, но други може да добијат многу повеќе такви мутации и да развијат тешки, прогресивни и често фатални болести.
Техниката развиена од експерти од Њукасл се состои од неколку чекори. Прво, спермата на таткото ја оплодува јајце клетката на мајката и здрав дарител. Основниот генетски материјал потоа се отстранува од јајце клетката на донаторот и се заменува со оној од оплодената јајце клетка на парот. Добиената јајце клетка има целосен сет на хромозоми од двајцата родители, но и здрави митохондрии од донаторот. Потоа се всадува во матката.
Велика Британија не е првата земја во светот каде е родено бебе преку оваа процедура. Американските лекари во 2016 година го породиле првото дете зачнато со помош на техниката МДТ. Станува збор за жена од Јордан со митохондријални мутации кои предизвикуваат фатална болест (Лиевиот синдром). Пред третманот, спроведен во Мексико, жената имала четири спонтани абортуси и две деца. Едното починалo на шест години, а другото живеело само осум месеци.