Микронутриент во мајчиното млеко го стимулира развојот на мозокот на бебето

Кога станува збор за хранење на бебето, без разлика дали се храни со мајчино млеко или формула, најдобро е, секако, кога бебето е – нахрането. Но, научниците открија некои фасцинантни нови факти за мајчиното млеко.

82

Одамна знаеме дека мајчиното млеко е најдобриот избор за детето. Ништо нема да се случи ако детето се храни со вештачко млеко, но мајчиното млеко е секогаш најзгодно и практично, покрај тоа што е и најдобро баш за тоа бебе. Ние го нарекуваме и течно злато и тоа со причина што сега е откриена од научниците од Медицинскиот факултет Јеил кои спровеле студија за мајчиното млеко.

Имено, се испоставило дека во мајчиното млеко постои молекула на шеќер која помага во зајакнувањето на мозокот кај бебињата.

Студијата открива молекула која ја стимулира мозочната активност
Д-р Томас Бидерер и неговите колеги внимателно го проучувале мајчиното млеко за да откријат дали постојат микронутриенти кои можат да го стимулираат развојот на мозокот кај бебињата на почетокот од животот. Она што тие го откриле е микронутриентот наречен мио-инозитол, кој се чини дека е присутен во раното млеко, може да помогне во зајакнувањето на мозокот на бебето, помагајќи да се поттикнат мозочните врски во најраниот период од животот.

„Претпоставивме дека одредени микронутриенти можат да ги обезбедат овие придобивки за детето“, вели д-р Бидерер. „Сосема сум сигурен дека има и други микронутриенти во мајчиното млеко кои му користат на мозокот и мислам дека сега се потребни повеќе истражувања за да се открие кои се тие.

Сите сме слушнале за претходни студии кои покажуваат дека мајчиното млеко е добро за когнитивниот развој, но истражувачите од Јеил сакаа да знаат зошто. Д-р Бидерер и неговиот тим веќе испитувале примероци од млеко кое го донирале мајки од Синсинати, Мексико Сити и Шангај за време на доењето. Особено сакале да проучуваат примероци од различни места.

Така, научниците утврдиле дека мио-инозитолот во сите примероци бил во висока концентрација во раната фаза на лактација, но со текот на времето се намалувал. „Со оглед на овие резултати, клиничките студии сега можат да тестираат дали бебињата кои примаат мајчино млеко формираат посилни врски помеѓу нервните клетки и/или повеќе од нив“, вели д-р Бидерер.

Имено, кај сите доенчиња мозокот брзо создава синапси во церебралниот кортекс набргу по раѓањето. Научниците се прилично возбудени поради ова откритие, бидејќи сега конечно имаат одговор на прашањето „зошто“ – зошто бебињата кои се хранат со мајчино млеко обично имаат 8 поени предност на тестот за интелигенција во споредба со бебињата кои се хранат со формула. Тоа е мала разлика, но навистина постои, па затоа е исклучително интересно за научниците да откријат зошто.

А што е со формулата?
Како логично продолжение на оваа приказна, научниците се прашуваа дали би можеле да го додадат овој микронутриент во млечната храна за бебиња. Ќе треба да почекаме одговор на тоа, но сигурно е дека ќе се работи на ова. Колку формулата е поблиску до мајчиното млеко, толку подобро.

Повеќе