За што се грижат најмногу родителите на децата што тргнуваат во средно?

53 проценти од анкетираните родители во Велика Британија рекле дека се загрижени дека нивните деца ќе бидат помалку безбедни во средно училиште отколку во основно.

71

Истражување спроведено меѓу 1.000 родители во Велика Британија открило дека мајките и татковците чии деца почнуваат средно училиште најмногу ги загрижува малтретирањето, дали нивните деца ќе стекнат пријатели и притисокот од врсниците.

53 проценти од родителите рекле дека се загрижени дека нивните деца ќе бидат помалку безбедни во средно училиште отколку во основно. Шест од десет родители имаат намера да ја следат локацијата на своето дете со апликации за следење, додека 32 проценти признаваат дека тоа го правеле уште во основно училиште.

„Преминот од основно во средно училиште може да биде страшен, не само за децата, туку и за родителите. Останете оптимисти и разговарајте отворено и искрено со децата за да помогнете во олеснување на анксиозноста“, советува експертот за родителство Сју Аткинс.

Повеќе