Што ќе бидеш кога ќе пораснеш? Знаете ли кој е единствениот точен одговор?
Сè уште е присутен срамот и претеранoто тежнеење кон тоа дека секое дете мора да биде најуспешно и најсовршено во сè. Дете кое во исто време тренира мечување, фудбал и одбојка, свири виолина, гитара и харфа, по можност учи кинески и француски и оди на извидници и роботика.
„Кога ќе пораснам ќе бидам среќен! Ова е единствениот точен одговор на прашањето што ќе бидеш кога ќе пораснеш!
Во денешно време, голем број родители често очекуваат „супермоќи“ од експертите (наставници, воспитувачи, психолози, логопеди…) кои работат со нивните деца.
Се верува дека логопедот има волшебно стапче кое преку ноќ ќе ги коригира, ќе ги избрише и же ги помести тешкотиите кај нивните деца, без оглед на дијагнозата. Во исто време, има малку родители (иако ги има!) кои ќе вложат вистински напор и заедно со експертите ќе се фатат во костец со „змејот што треба да се совлада“.
Родители кои ќе бидат редовни, ќе вежбаат по инструкции, ќе го мотивираат и поддржуваат детето. Родители кои ќе разберат дека покрај крајната цел, со доаѓањето вежбаат истрајност, ја подигнуваат самодовербата на детето и практикуваат независност. Сè уште е присутен срамот и претеранoто тежнеење кон тоа дека секое дете мора да биде најуспешно и најсовршено во сè. Дете кое во исто време тренира мечување, фудбал и одбојка, свири виолина, гитара и харфа, по можност учи кинески и француски и оди на извидници и роботика.
И секоја чест за сè, но често со најдобра намера, со сите овие активности се претерува. Честопати, сè заедно, вклучително и одењето кај логопед како една од „одработените активности“, се сведува токму на тоа – одработување на активноста.
Одработувањето на активноста која сама по себе станува и мотив и цел, а на крајот од денот нема никакво значење бидејќи добиваме исцедено и уморно дете кое не ужива во ништо од горенаведеното. Наместо да се стави акцент на слушање на желбите и потребите на детето и насочување и поставување приоритети, каде што во тој случај резултатите сигурно би се виделе на сите полиња – од малку понезабавна посета на логопед до активност на која едвај чека и во која детето навистина ужива.
Така ќе воспитуваме деца кои кога ќе пораснат не само што ќе станат и ќе прават што сакаат, туку ќе бидат навистина задоволни и исполнети на најдобар можен начин.
И тоа е секако најважната цел и крајната цел – да бидеме среќни кога ќе пораснеме.