36-годишната ТикТок мајка, која чека 12-то дете, објави дека ќе стане баба

Триесет и шестгодишната Вероника Мерит ќе стане баба во јуни, само два месеци откако ќе го роди своето 12-то дете

272

Контроверзната ѕвезда на ТикТок, Вероника Мерит е позната по тоа што веќе има 11 деца и сега е повторно бремена. Во ноември таа со ентузијазам објави видео во кое на своите следбеници им ја соопшти новата среќна вест – ќе стане баба.

„Имаме неколку возбудливи вести да споделиме“, рече 36-годишната жена, откривајќи дека нејзиното најстаро дете, ќерката Викторија, ќе роди бебе во јуни. Ова значи дека 12-тото дете на Мерит, кое треба да се роди во април, ќе биде само два месеци постаро од нејзиниот внук или внука.

Не се сите воодушевени од веста

Мерит, која има деца на возраст од две до 21 година, изјавила за The Post дека интернет критичарите многу често ја критикуваат неа и нејзиното семејство.

Оваа жителка на Сиракуза која споделува смешни видеа и дава искрени одговори на прашањата на обожавателите за нејзиниот бурен начин на живот, инсистира на тоа дека не се грижи за мислењата на другите луѓе.

„Не ги слушам хејтерите“, вели таа. „Дали навистина мислат дека нивното мислење ќе ме повреди? Мислам, ајде!

Минатата година, таа бараше превозно средство за своето семејство и на крајот купи половен училишен автобус за 20.000 фунти. Живее во куќа која има девет спални соби, од кои на некои им треба реновирање.

Живеат со скромни примања

Мерит живее главно од бонови за храна и бенефиции што ги добива од државата и тврди дека двајцата татковци на нејзините деца не плаќаат алиментација, иако едниот ги покрива семејните сметки за комуналии.

Таа заработува некоја сума од 100 до 200 евра месечно од ТикТок, а нејзината заработка зависи од вкупниот број прегледи на нејзините објави. Заработува и од креирање цртани од семејните фотографии кои луѓето ѝ ги испраќаат, но приходите не се стабилни.

„Не се занимавам многу со уметност во последно време“, рекла таа, наведувајќи здравствени проблеми. Неодамна се заразила со ковид-19, а во септември 2020 година ѝ бил отстранет еден бубрег.

Таа вели дека верува дека нејзината судбина отсекогаш била да има многу деца. Ја родила Викторија во 1999 година, додека била први клас во средно училиште.

„Повремено излегував со нејзиниот татко“, изјавила Мерит за The New York Post. Три години подоцна парот го зачнал Ендру, а се венчале една година подоцна. Се развеле во 2005 година.

Мерит потоа го запознала нејзиниот втор сопруг Марти, татко на другите девет деца и на бебето што го очекува и покрај тоа што парот е разделен и сега е во преговори за развод.

„Сакав да се разведам веднаш штом се омажив за него“, рекла Мерит. „Беше незрел, но мислев дека и јас не сум совршена.

Децата се школуваат дома

Пред осум години, таа одлучила да го напушти училиштето и да ги подучува дома, откако една од нејзините ќерки била малтретирана.

„Заземам релаксиран пристап бидејќи децата можат да учат без да мораат да седат на нивните клупи со часови со учебниците“, вели Мерит, додавајќи дека користи YouTube и други страници кои ѝ помагаат да ги подучува.

Возраста на децата на училишна возраст се движи од шест до 17 години, но бидејќи некои се во исто одделение од поединечни предмети, тие можат да учат заедно. „Мојата осумгодишна ќерка всушност чита подобро од мојот 11-годишен син“, рекла таа. Но, сите тие се многу паметни“.

Таа не може да си дозволи дадилка, па нејзините деца често се занимаваат со гледање видеа и телевизија додека нивните постари браќа и сестри учат. Таа, исто така, истакнала дека најсложено е одржувањето на куќата чиста и уредна. Децата ретко помагаат освен ако не им понуди за возврат слатки или нешто слично.

Повеќе